Сите девојки на Кристијано Роналдо, пред Џорџина да го „смири“: Ким Кардашијан, Парис Хилтон
Парис Хилтон
Во 2009 година, почна да се шпекулира дека Кристијано е во врска со Парис Хилтон.
Биле забележани неколкупати низ клубови во Лос Анџелес, а многу извори тврдеа дека постојано страсно се бакнувале.
Сепак, нивната врска не се претворила во ништо сериозно.
Нереида Галардо
Кристијано имаше осуммесечна врска со Нереида во 2008 година.
Веројатно не останале во добар однос по врската, бидејќи Нереида споделуваше приватни детали за фудбалерот, а еднаш ја критикуваше и Џорџина Родригез за пластичните операции.
Ким Кардашијан
Пред да ја почне врската со Канје Вест, Ким Кардашијан се гледаше со познатиот фудбалер.
Тие поминале неколку денови во Мадрид, каде што првпат биле забележани заедно.
Се шпекулираше и дека Ким отседнувала кај него, во неговиот дом во Мадрид.
Сепак, други детали за врската не ѝ се познати на јавноста.
Ирина Шајк
Една од посериозните врски на Кристијано е со Ирина, со која издржа пет години.
Ја почнаа врската во 2010-та, а се верува дека раскинале бидејќи фудбалерот бил неверен.
Додека беа заедно, Кристијано доби и дете од друга жена.
Лусија Вилалон
Кратко по разделбата од Ирина, фудбалерот беше поврзуван со шпанската ТВ водителка Лусија Вилалон.
Ова не траеше долго, а семејството на водителката всушност негираше дека биле пар.
Десире Кордеро
Кратко по разделбата од Ирина, фудбалерот имаше врска со Десире Кордеро. Но, наводно брзо ја „откачил“ бидејќи сметал дека го користи за слава.
Набрзо потоа ја сретна Џорџина и до денес е со неа.
Спирова С. | Црнобело