Ким Кардашијан го бакнува Луис Хамилтон на јахта во Монако: „Сите ѝ љубоморат, озборуваат дека дечко ѝ ја користи за слава“
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
„Имаше доза љубомора кога Ким пристигна бидејќи сопругите и девојките на другите тркачи се навикнати да бидат во фокус“, открива извор за Ким Кардашијан која минатиот викенд го поддржуваше дечко ѝ Луис Хамилтон на трка во Монако. Некои, пак, велат дека имало и озборувања – Луис ја користел Ким бидејќи бил очаен за вниманието што некогаш го имал.

Во неделата (07.06) Ким Кардашијан му даде поддршка на нејзиниот нов дечко, Луис Хамилтон, кој во Монако имаше трка.
Ријалити ѕвездата се појави во тесен фустан со беж нијанса, а во публика друштво ѝ правеше сестра ѝ Клои.
Луис Хамилтон заврши втор во Grand Prix трката, а кога го земаше пехарот ѝ прати бакнеж на Ким. Истовремено, даде и кратка изјава – прва која се однесува на нивната врска откако се заедно.
„Прекрасно е што дојде викендов и што ја имам нејзината поддршка… Не знам што друго да кажам.
Прекрасно е што имам добри луѓе околу мене и луѓе кои ме поддржуваат. Таа го прави тоа секој ден“, сподели Формула 1 возачот во кратко интервју.
Ким гордо го гледаше саканиот додека тој го земаше пехарот, а тој, пак, на крај ја испрска со шампањ додека славеше за успехот.
По трката, Ким и возачот се упатија кон неговата јахта, а потоа беа фотографирани како се прегрнуваат и бакнуваат.
Вечерта тие славеа во Монако, а за пригодата Ким носеше тесен светкав фустан со гол грб од кој ѕиркаше танга од брендот Gucci.
Ким со задоволство им позираше на папараците и фановите додека одеше од јахтата кон брегот.
Иако ријалити ѕвездата очигледно ужива во времето што го минува во Монако, за Daily Mail, извори откриваат дека нејзиното појавување предизвикало љубомора.
Девојките и сопругите на познатите Формула 1 возачи биле навикнати да се во центарот на вниманието на настани како трката во Монако. Но, сега Ким ги засенила сите.
„Изгледа како Ким да го кради шоуто. Имаше доза љубомора кога Ким пристигна бидејќи другите дами се навикнати да бидат во фокус.
Сепак, Ким не дозволува ова да ѝ влијае. Не се грижи за тоа дали другите двојки ја сакаат, но некои од нивните тимови пробаа да ја поканат на ручек.
Ким е отворена, но главно е фокусирана на Луис“.
Истото го потврдува и друг извор.
„Формула 1 веќе е свет исполнет со огромно богатство и уште поголемо его. Сега кога Ким е дел од таа сцена и се очекува почесто да биде присутна, реакциите се измешани.
На некои луѓе не им е гајле и се фокусирани на нивните кругови, но други гледаат корист во тоа да бидат блиску до неа поради врските и влијанието што ги има“.