Водителот Џереми Кларксон откри дека има рак: „Агресивен е, дел од третманот помина лошо“

Сезоната се снимаше во периодов 2024-2025, што значи дека Џереми ја дознал дијагнозата во мај минатата година.

voditelot-dzheremi-klarkson-otkri-deka-ima-rak-agresiven-e-del-od-tretmanot-pomina-losho-09.JPG

Потоа тој додава дека ќе треба да оди на третман кон крајот на јули, односно во периодот кога ќе биде бербата.

Пред емитувањето на емотивните епизоди, на Инстаграм објава Џереми даде предупредување дека ќе бидат тешки за гледање.

„Обично сакаме шоуто да биде забавно, но последните две епизоди кои ќе излезат вечерва, не се ништо од тоа.

Искрено, тешки се за гледање“, вели водителот во видеото.

voditelot-dzheremi-klarkson-otkri-deka-ima-rak-agresiven-e-del-od-tretmanot-pomina-losho-7.JPG

Во шоуто, Џереми открива и нешто повеќе за моментот кога ја добил дијагнозата:

„Бев на преглед, се сеќавате, во мај. Исчезнав и ми направија биопсија и имам рак, агресивен е. Но, уште е рано, па третманот ќе биде, знаете…

Се молев дека ќе можеме да завршиме со бербата, па потоа да одам на лекување, но третманот ќе биде токму тогаш“.

voditelot-dzheremi-klarkson-otkri-deka-ima-rak-agresiven-e-del-od-tretmanot-pomina-losho-04.JPG

Џереми споделува дека ќе треба да му направат операција и дека ќе биде на боледување подолг период.

Подоцна во епизодата, Џереми разговара и со неговата девојка и ѝ вели:

„Па, ја почнавме годината и имав коронарна артериска болест, а ја завршивме со рак.

Можеме да размислуваме колку што сакаме за сите лоши работи што се случија на фармата, но мислам дека е подобро сега, на крајот на годината, да се фокусираме на добрите работи што се случија“.

voditelot-dzheremi-klarkson-otkri-deka-ima-rak-agresiven-e-del-od-tretmanot-pomina-losho-02.JPG

Во шоуто е прикажан и дел од третманот на водителот – тој е во болнички кревет, а открива и дека некои работи не оделе по план.

„Некои од третманите тргнаа на лошо, може да се каже. Ќе бидам овде подолг период. Не знам што ќе се случи.

Само сакам да кажам дека ако сето ова е успешно, се гледаме во шестата сезона (од шоуто), ако не е, не се гледаме. Бидете добри“.

voditelot-dzheremi-klarkson-otkri-deka-ima-rak-agresiven-e-del-od-tretmanot-pomina-losho-05.JPG

Снимањето на шестата сезона засега е одложено, а Џереми уште се бори со ракот.

Освен она што го открива во шоуто, нема споделено ништо друго за болеста, но во коментари на последната Инстаграм објава добива поддршка од многуте фанови.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Најзгодниот затвореник“ за опседнатите обожавателки: „Ми праќаа голи фотки во затвор, поради нив не... „Добивав можеби 300 писма дневно. Добивав голи фотографии, ми праќаа пари од сит...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава