Водителот Џереми Кларксон откри дека има рак: „Агресивен е, дел од третманот помина лошо“
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
Во своето ново ријалити шоу, британскиот водител Џереми Кларксон откри дека има рак на простата. Уште се бори со болеста и иако не открива многу детали, сподели дека некои од третманите не се одвивале по план.

Британскиот водител Џереми Кларксон, најпознат по емисијата Top Gear, откри дека има рак.
Моментално тој е активен со реалното шоу Clarkson’s Farm, a тажните вести беа споделени на крајот од петтата сезона.
Во двете последни епизоди, 66-годишниот водител им ја споделува веста за дијагнозата на колегите од шоуто, Чарли и Кејлеб Купер.
Во новото реално шоу, Џереми, кој нема никакво земјоделско искуство, ја презема улогата на фармер.
Кога со двајцата колеги зборуваат за тоа дали посевите на фармата ќе бидат подготвени за берба кон крајот на јули, Џереми негодува.
Кога го прашуваат дали планира да оди некаде, водителот пробува да ги додржи емоциите и само вели:
„Да, имам рак“.
Кога го прашуваат каде, водителот одговара:
„Тоа не треба да го интересира никој. Знам од мај“.
Сепак, подоцна суптилно открива дека станува збор за агресивна форма на рак на простата и самиот вели 10% од неговата простата се „мртви“.