Конечно први фотки од луксузната свадба на Дуа Липа на Сицилија – венчаница со кристали и пердуви, кадри од вилата на сицилијанската мафија
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
Ѕвездата со албанско потекло сподели први фотки од луксузната свадба за која сите зборуваат – невестата носи Chanel венчаница со гол грб, украсена со многу кристали и 25.000 пердуви, а со сопругот позираат во романтични пози, среде раскошната вила која била седиште на сицилијанската мафија.

Светската ѕвезда со албанско потекло, Дуа Липа, на крајот на мај се омажи за британскиот актер Калум Тарнер, една година откако објавија дека се свршилe.

Една недела по склопувањето на граѓанскиот брак, првиот викенд од јуни, парот направи раскошна и луксузна свадба на Сицилија.

Прославата траеше три дена, а пејачката долго време немаше објавено фотки и никој немаше видено кадри од свадбата за која многу се зборуваше.
Сега, конечно Дуа сподели албум со свадбени фотки кои изгледаат романтично и совршено, а се направени на местото на свадбата која се одржа на 06.06.2026, во вилата Valguarnera, за која се шпекулира дека во 1980-тите била седиште на сицилијанската мафија позната како „Коза ностра“.
За главната прослава, невестата носи уникатна Chanel венчаница, правена за неа, која е комбинација од класичен софистициран изглед и модерен гламур.

Пејачката носи тесен и долг фустан, со гол грб, украсен со многу рачно вметнати кристали, а долниот дел од венчаницата е дополнет со 25.000 пердуви.

Изгледот на невестата е дополнет со вел долг неколку метри кој се влече заедно со пердувестата венчаница, а креацијата е на новиот креативен директор на Vogue, Метју Блејзи, и има посебна симболика затоа што е негова прва haute couture венчаница за брендот.

На прославата, како што беше познато и претходно, настапил Елтон Џон, гостите биле послужени со италијански специјалитети, а за сите присутни бил букиран цел хотел.

Уште неколку фотки кои Дуа Липа ги објави:





М. М. | Црнобело