Не излегува од дома, била „заглавена“ во скиентолошката црква: Тајниот живот на ќерката на Џон Траволта

Впрочем, и мајката на Ела беше скиентолог, додека Џон Траволта е еден од најистакнатите членови.

ne-izleguva-od-doma-bila-zaglavena-vo-skientoloshkata-crkva-tajniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-travolta-02.JPG

За ова има зборувано и Џој Вила – американска пејачка која беше дел од црквата, но потоа ја напушти, нарекувајќи ја „сатанистичка“.

„Ела е заглавена во скиентологијата бидејќи следбениците веруваат дека ако ја напуштат црквата, ќе бидат отстранети од животот на сите блиски и ќе бидат напуштени во ’злобниот‘ надворешен свет“, има изјавено пејачката.

ne-izleguva-od-doma-bila-zaglavena-vo-skientoloshkata-crkva-tajniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-travolta-03.JPG

Пејачката вели дека ја запознала Ела кога имала само 13 години, а ја опишува како срамежлива и интровертна девојка.

Повторно имала можност да ја види на 16-годишна возраст, а тогаш вели дека била мошне грациозна тинејџерка со многу добри манири.

Џон честопати ги посетувал просториите на црквата со ќерка му, па јасно е дека и таа е скиентолог.

„Џон и Ела се скиентолози, но ретко зборуваат за тоа во јавност. Всушност, ретко зборуваат за тоа и надвор од црквата.

И двајцата велат дека скиентологијата им помогнала во навистина тешки период. Немаат кажано многу други работи“.

ne-izleguva-od-doma-bila-zaglavena-vo-skientoloshkata-crkva-tajniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-travolta-05.JPG

Сепак, иако Ела можеби се изолира, извор вели дека Џон ѝ го мисли само најдоброто.

„Џон е еден од најзаштитнички настроените татковци што сум ги видел. Во животот изгубил многу, па вистински ги чува Ела и Бен.

Не ги задушува, но тие се центарот на неговиот свет. Нивната врска е нешто навистина посебно, убаво и необично“.

ne-izleguva-od-doma-bila-zaglavena-vo-skientoloshkata-crkva-tajniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-travolta-06.JPG

Актерот сакал да ја заштити ќерка си и од јавноста и славата бидејќи по 50 години во индустријата, свесен е за последиците.

„Ела е ќерка на еден од најпознатите актери во светот, па има некои работи за кои таа и татко ѝ треба да бидат внимателни“.

Малку се знае за љубовниот живот на Ела, а изворот открива дека Џон не пробувал да ја контролира.

„Џон не очекува Ела да бара дозвола ако сака да оди на состанок. Но, не ни оди на многу состаноци. Кога сепак оди, самата сака да го праша Џон“.

ne-izleguva-od-doma-bila-zaglavena-vo-skientoloshkata-crkva-tajniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-travolta09.JPG

Друг извор, пак, вели дека не е точно дека Ела е ограничена поради скиентологијата, како и дека црквата не го диктирала нејзиниот живот.

„Ела се справува со голема загуба и посветена е на тоа да стане подобра личност и да биде подобра во нејзината професија.

Таа знае што сака и за разлика од многу други деца на славни личности, не се однесува како нив“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава