Не излегува од дома, била „заглавена“ во скиентолошката црква: Тајниот живот на ќерката на Џон Траволта
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
Најстарото дете на Џон Траволта, ќерката Ела Блу, се држи настрана од јавност, ретко одела на романтични состаноци и живее со татко ѝ. Некои тврдат дека скиентолошката црква ѝ го диктира животот, но други сметаат дека таа е само поразлична од другите деца на славни личности и не сака да се експонира. Што знаеме за нејзиниот таен живот?

Џон Траволта има три деца – ќерката Ела Блу, синот Бенџамин, како и синот Џет кој почина во 2009-та на 16-годишна возраст.
Најстарото дете на актерот е ќерката Ела Блу Траволта која има 26 години и проба да лансира актерска кариера.
Како ќерка на еден од најпознатите актери во светот и обидите да стане актерка, веројатно очекувате да биде сеприсутна, но таа се крие од јавноста.
Ела живее со татко ѝ, а изворите велат дека ретко излегува од дома.
„Најчесто Ела е во истата куќа со татко ѝ. Кога патува, обично е со пријатели или други членови на семејството.
Има запознато многу луѓе преку Џон, но има само мал круг блиски пријатели. Таа е многу приватна личност“.
Џон Траволта ја доби Ела со сопругата Кели Престон. Откако таа почина во 2020-та, Џон продолжи самиот да се грижи за нивните деца.
А, според изворите, смртта на Кели многу го зближила со ќерка му.
„Бидејќи ги изгубија и Џет и Кели, Џон и Ела се многу поблиски. Иако Ела е во средината на 20-тите, Џон е светлината што ја води низ животот“.
Иако живее во раскошна куќа на Флорида и има привилегии за какви што повеќето може да сонуваат, Ела Блу избегнува да се фали за богатството, за разлика од децата на други славни личности.
На Инстаграм има околу 750.000 следбеници, но главно споделува фотки од соработки со брендови, по некоја фотка со татко ѝ и инсерти и промотивни материјали од филмови.
Има и ТикТок профил, но не го користи веќе неколку години.
Бела не се ни дружела со познати и нејзините најблиски пријатели биле „обични“ луѓе кои немаат врска со забавната индустрија.
Сега, пак, се шпекулира дека ваквиот изолиран живот на Ела најверојатно се должи на скиентологијата – религијата што ја следи нејзиниот татко.