Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот
„Со месеци имаше сериозни проблеми кои не беа решени и покрај моите обиди. Имаше проблеми со стаорци кои никогаш не беа целосно решени, а бањата и канализацијата често беа расипани.
Поднесов многу бараа за поправки, но проблемите продолжија и беше занемарено и најосновното одржување. Не ја донесов лесно одлуката да не плаќам кирија.
Едноставно не може да продолжам да давам пари за куќа во толку лоша состојба“.
Сепак, на крај сопственикот на куќата го тужеше актерот, па тој беше избркан.
Според последните познати информации, моментално актерот живеел во хотел и бил во потрага по нов дом.
Не е познато колку пари има Мики денес, но според некои изври, во банка имал едвај 50.000 долари.
Додека за „обичен“ човек ова е голема сума, не се ни споредува со богатството што актерот го имаше претходно.
Сепак, финансиските проблеми не се нешто ново за него. Во 2008 година, тој го сними филмот The Wrestler за кој доби номинација за Оскар, а вели дека ја прифатил улогата бидејќи се пронаоѓал во ликот.
„Ликот што го глумам живее во срам. Срамот со којшто јас живеам веќе пет, шест, седум, 15 години. Срамот што си го донесов сам.
Изгубив сè – мојата сопруга, мојата куќа, моите пријатели, моето име во бизнисот. Плаќав 500 долари месечно за стан со моите кучиња. Никој не знаеше колку бев сиромашен.
Имав пријател кој ми даваше пари секој месец за да можам да си купам храна. Ѝ се јавував на бившата сопруга и ѝ плачев.
Бев очаен, сам. И, ова се случуваше со години“.
Не е познато колку точно заработуваше Мики на врвот на славата, но сите филмови што ги има снимено имаат заработено речиси две милијарди долари.
Сепак, се чини дека сега повторно го допре дното поради многуте лоши одлуки.
Спирова С. | Црнобело