Канје Вест прослави 49-ти роденден со бизарен маскенбал во Версајскиот дворец - тој во „садо-мазо“ костим, Бјанка со пердуви на гениталиите (фото)

По повод 49-тиот роденден, Канје Вест организира маскенбал во Версајскиот дворец за кој одвоил дури половина милион евра. Тој беше целосно скриен во црн костим, додека Бјанка носеше боди со корсет и пердуви на гениталиите. Некои од гостите имаа навистина чудни маски, како кадифена глава од куче.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-perduvi-na-genitaliite-foto-01.jpg

На 8-ми јуни Канје Вест наполни 49 години, а роденденот го прослави викендов во Франција, и тоа во Версајскиот дворец.

Раперот организирал маскенбал во историската палата за 20-тина пријатели, а овде беше и неговата сопруга, Бјанка Сенсори.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-12.JPG

Иако на маскенбал се очекува гостите да бидат маскирани, Канје, Бјанка, но и другите присутни изгледаат и по малку морничаво.

За прославата, раперот беше облечен во црн костим со гумени чизми и панталони од латекс, а главата целосно му беше покриена со црна маска. Носеше и црни ракавици.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-13.JPG

Бјанка, пак, носеше тесен корсет со долго здолниште, а на главата носеше украс кој ѝ го покрива целото лице.

На дел од фотките таа позира без здолништето и се гледа дека корсетот е всушност боди, украсено со пердуви во областа на гениталиите.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-7.JPG

Останатите гости имаат костими главно инспирирани од француската аристократија, но има и по некој навистина бизарен костим.

На групната фотографија се гледа дека еден гостин носи чудна маска која личи како глава на волк.

Во заднина се гледа и маска која личи на глава од зајак.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-17.JPG

По забавата во Версајскиот дворец, гостите продолжиле во луксузен хотел кој се наоѓал во непосредна близина.

Претходно Канје и Бјанка го прославија роденденот сами, во ресторан во Амстердам.

За разлика од вообичаените разголени изданија, овој пат Бјанка носеше фустан кој ѝ го откриваше единствено деколтето.

Дури и нозете ѝ беа покриени со бели сатенски чорапи.

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-20.JPG

kanje-vest-proslavi-49-ti-rodenden-so-bizaren-maskenbal-vo-versajskiot-dvorec-toj-vo-sado-mazo-kostim-bjanka-so-tesen-korset-foto-18.JPG

Канје и Бјанка се венчаа во тајност во 2022 година и веднаш почнаа да привлекуваат внимание поради чудните изданија на архитектката.

Стана јасно дека се подготвени да одат во крајности кога Бјанка се појави потполно гола на Греми наградите во 2025 година.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вирално видео: Келвин Клајн (83) збунет, едвај се качува по скали, неговиот 36-годишен дечко ладнокр... Во вирално видео се гледа како Келвин Клајн губи рамнотежа и изгледа збунето пре...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...

Најчитани неделава