Кара Делевињ ја призна аферата со Амбер Херд – суптилно потврди и дека заедно спиеле со Илон Маск
Кара сподели и дека додека траел разводот, Амбер се гледала со други луѓе.
Па, кога водителот го спомна Илон Маск, Кара суптилно потврди дека и тој бил вмешан, но не сакаше да коментира повеќе.
Амбер и Џони се венчаа на почетокот од 2015 година. Актерката поднесе барање за развод следната година, а во 2017-та се разведоа.
Кара и Амбер, пак, се дружат од 2014-та, а кога почнаа да се шират гласини за нив, речиси постојано беа заедно.
Во друго поново интервју, Кара Делевињ откри дека спиела со нејзините пријателки за да ја разберела својата сексуалност. Иако не ја спомна Амбер, за некои ова е уште една потврда дека имале афера.
„Имаше некаква безбедност во тоа (што спиев со другарките). Ова не значи дека сме геј.
Сите имавме дечковци, но она што ќе се случи откако ќе се исклучи светлото, не значи ништо“.
Аферата на Амбер и Кара повторно се најде во центарот на вниманието за време на судењето со Џони Деп, а тогаш и првпат беше откриено дека двете жени спиеле и со Илон Маск пред разводот.
Информацијата ја сподели поранешен сопруг на другарка на Амбер Херд.
Илон Маск брзо се огласи истакнувајќи дека никогаш не бил интимен со Кара.
„Јас и Кара сме пријатели. И таа ќе ви го потврди ова.
Исто така, сакам уште еднаш да нагласам дека јас и Амбер почнавме да се гледаме околу еден месец откако таа поднесе барање за развод.
Ѝ се немав ни приближено на Амбер додека беше во брак!“
Илон и Амбер не ја криеја врската по разводот на актерката, но според последните изјави на Кара, повторно доминира верувањето дека аферата почнала порано, како и дека манекенката им се придружувала.
Спирова С. | Црнобело