Крис Џенер делува помлада од ќерките на роденденот на Клои - објави и ретка фотка од синот, кој не сака гламур како сестрите
- Детали
- петок, 03 јули 2026
На фотографиите, лицето на Крис (70) е мазно и затегнато, а на некои од нив таа делува дури и помладо од нејзините ќерки. Сепак, како да заборавила да ги „измазни“ рацете на фотките, па една од нив ја издава за возраста.

Клои Кардашијан наполни 42 години, а за роденденот направи забава дома со своите сестри Ким и Кортни, но и братот Роб, кој ретко се појавува во јавноста.
На забавата беа и блиски пријатели на ријалити ѕвездата, нејзините деца и внуци, а дел од атмосферата сподели мајка ѝ Крис Џенер, преку фотки објавени на социјалните мрежи.

На фотографиите, лицето на Крис е затегнато, а таа на некои од нив делува дури и помладо од нејзините ќерки.
Сепак, како да заборавила да ги „измазни“ рацете на фотките, па една од нив ја „издава“ за возраста.

Изгледот на Крис веќе подолго време предизвикува дебата во јавноста, особено откако таа се подложи на неколку операции за подмладување, кои како да симнаа и 30 години од нејзиниот лик - а има 70 години.
На роденденот на Клои беше и нејзиниот брат Роб, кој со години се крие од јавноста.
Тој не ужива во гламурот, во рефлекторите и медиумското внимание како неговите сестри.

Токму затоа, фотките на Крис беа вистинско изненадување.
И додека девојките беа дотерани, Роб на забавата дојде во спортски аутфит - маичка, капче и шорцеви.

Погледнете ги фотографиите:

