Што знаеме за раскошната (и таинствена) свадба на Тејлор Свифт што ќе се одржи викендов?
- Детали
- петок, 03 јули 2026
Иако Тејлор навистина се труди за јавноста да не дознае ништо за нејзината свадба, сепак има шпекулации за тоа што точно ќе се случува на големиот ден. Гостите веројатно имаат потпишано договор за молчење, а се шпекулира дека дури и полицајците што ќе го обезбедуваат настанот не смеат да носат телефони.

Периодов свадбата на Тејлор Свифт е најзборуваниот, но истовремено и најтаинствениот настан од светот на шоубизнисот.
По бројни шпекулации за точниот датум, сега американските медиуми потврдуваат дека пејачка и Тревис Келси ќе се венчаат денес, а прославата ќе трае целиот викенд и се совпаѓа со датумот за независноста на САД.
Се претпоставува дека Тејлор и Тревис ќе ве венчаат во познатата арена Madison Square Garden (MSG) во Њујорк.
Арената му нуди добра приватност на парот бидејќи влезовите се добро обезбедени, има максимално обезбедување и нема прозорци.
Притоа, овде собира околу 1.250 луѓе.
Деновиве пред арената беа забележани бројни камиони и товарни возила кои носеа опрема за големиот настан.
Што се однесува до гостите, очекувано е да присуствуваат некои од најголемите ѕвезди во шоубизнисот.
Кара Делавињ, Џиџи Хадид, Зои Кравиц и Селена Гомез се само дел од славните кои се очекува да бидат поканети.
Но, засега не е познато дали Тејлор ќе ги покани Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, без разлика што беа многу блиски, а пејачката им е и кума на нивните деца.
Некои славни веќе беа забележани во Њујорк пред свадбата, како Сабрина Карпентер и Дуа Липа кои исто така се претпоставува дека се меѓу гостите.
Вчера Тревис и Тејлор имале „генерална проба“ со 100-тина гости во арената во Њујорк.
Денес, пак, се очекува прославата да почне околу 16 часот по локално време со коктел, додека главната церемонија била закажана за 18:30 часот, па сè до 2 по полноќ.
Во стадионот биле донесени многу кутии со јастог и пилешко месо, и свежи продукти како марула, пиперки, но и јајца и млеко.
Биле забележани и пакувања со помфрит и похован кромид, но и цел камион од познат синџир за крофни во САД.
Се претпоставува дека сето ова е за свадбата на Тејлор.
Во меѓувреме и позната продавница за слатки од Австралија сподели дека имале специјална нарачка од Тејлор и Тревис за нивната свадба.
Според изворите, венчаницата на Тејлор е многу веројатно да ја дизајнира Стела Мекартни бидејќи е една од нејзините најблиски пријателки.
Но, други велат дека сосема возможно е и дизајнерка да биде Донатела Версаче која веќе има соработувано со Тејлор за нејзина турнеја.
Се шпекулира дека Тејлор и Тревис ќе имаат и замок во арената, барем според реквизитите што се носеа во арената.