Инфлуенсерката Нара Смит емотивна: Ѝ ја избричи главата на нејзината ќерка (2), по дијагнозата за рак
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
Нара Смит, која на Инстаграм има над четири милиони следбеници, сподели дека нејзината двегодишна ќерка има рак. Дијагнозата ја добила кратко откако Нара го роди четвртото дете. Инфлуенсерката, која обично е критикувана за недостижниот живот што го промовира, сподели и дека одлучиле да му ја избричат косата на девојчето.

Нара Смит е една од најпознатите инфлуенсерки во светот која некогаш се соочува со критики поради недостижниот живот што го промовира.
24-годишната инфлуенсерка има четири деца со нејзиниот сопруг и на нејзиниот профил во фокус е содржина поврзана со семејството и нејзиниот живот како „домаќинка“.
Но, сега Нара сподели тажни вести – во објава од пред четири денови, откри дека нејзината двегодишна ќерка добила дијагноза за рак.
„Благодарни сме за секоја медицинска сестра и секој доктор на нашето патување кои ни помогнаа да го надминеме ова“, пишува во описот.
Во емотивното видео, таа открива дека ќерка ѝ ја добила дијагнозата минатата година.
„Нема лесен начин да го кажам ова, но кон крајот на минатата година нашата ќерка Вимзи беше дијагностицирана со рак.
Кога видовме нешто сомнително ја однесовме на болница и не знаеја што е. Ја однесовме кај нашиот педијатар и тој беше многу тивок и мирен…
Не знам дали инстинктите ми кажуваа нешто, но првото нешто што го почувствував е дека има рак“.
Нара споделува дека на девојчето му биле направени неколку тестови и биопсија, пред да ја добијат страшната дијагноза и веста дека болеста се проширила.
По ова, девојчето веднаш почнало да прима хемотерапија.
Нара и сопругот дознале за болеста кратко откако го добија четврто дете.
„Тешко беше да минуваме низ ова како семејство. Многу од вас веројатно имаат забележано дека објавувам помалку и ова е причината зошто…
Некои денови се полесни, некои денови се навистина тешки и сè што можам да направам е да го давам најдоброто од мене“, вели Нара, меѓу другото.