Детали за разводот на Хрватката Славица и богаташот Берни Еклстон: Се развеле за 58 секунди, добила над 1 милијарда долари
Додека Славица сакала да живее на висока нога, Берни секогаш купувал само на старо или кога имало попусти.
Во една пригода, Славица откри и дека Берни ја терал да плаќа кирија и ѝ го запишувал секој трошок.
Од друга страна, Берни имаше изјавено дека некогаш Славица станувала премногу агресивна ако испиела некоја чашка повеќе.
„Некогаш ме гаѓа со чинии. Потоа се кријам во друга соба бидејќи ми изгледа дека сака да ме малтретира…
Знае да биде тешка личност, но Славица сепак е феноменална мајка и морална жена“.
Според некои извори, Берни се жалел дека Славица му се заканувала дека ќе го остави ако не ја напушти својата позиција во Формула 1.
Други извори велат и дека насилството меѓу нив било многу поизразено отколку што раскажува Берни.
Неговиот пријател Рон Шо има откриено дека еднаш Берни дошол на работа со помодрено око. Кога го прашал што му е, тој одговорил дека Славица се разгневила откако го видела во јавност со млада манекенка.
Во знак на извинување, Берни ѝ купил луксузна куќа вредна 50 милиони долари, но Славица не сакала да го прифати подарокот.
По две децении заедно, изворите велат дека било јасно дека односот на Берни и Славица не е како порано.
Убавата Хрватка станувала сè полошо расположена, сè полута и поагресивна, а некои велат дека била насилна кон сопругот и пред нивните деца.
Ситуацијата кулминирала по 50-тиот роденден на Славица, во 2008-ма, кога Берни требало да оди во Бразил.
Славица му рекла дека кога ќе се врати, таа нема да биде таму.
Бидејќи Славица и претходно се заканувала на сличен начин, Берни ја игнорирал. Но, овој пат била сериозна.
Таа однапред купила куќа, се иселила додека тој бил во Бразил, а поднела и барање за развод.
Берни има изјавено дека овој период уште бил вљубен во неа и не сакал да се разведат, но бил свесен дека е залудно да пробува да ја задржи.
„Не сакав развод, за разлика од неа. Ме исфрли додека уште бев вљубен во неа.
Имаше 50-тина години и сакаше друг живот. Не ѝ се допаѓаше тоа што 17-18 пати годишно излегувам од дома“.
И Славица има изјавено дека побарала развод бидејќи Берни често би отсутен од дома и немал време ни за неа, ни за децата.
Берни и Славица се разделија, но за разлика од другите разводи кога се во прашање милијарди, нивната бракоразводна парница траела рекордни 58 секунди.
На суд биле помалку од една минута, а веднаш се сложиле за поделбата на имотот и парите.
Славица добила 800 милиони долари, но и многу недвижнини, што значи ја напуштила судницата како милијардерка.
Спирова С. | Црнобело