Детали за разводот на Хрватката Славица и богаташот Берни Еклстон: Се развеле за 58 секунди, добила над 1 милијарда долари
- Детали
- недела, 12 јули 2026
По 24 години заедно, Славица Еклстон од Хрватска побарала развод од сопругот милијардер Берни Еклстон. Иако тој уште ја сакал, не се противел, па се развеле за само 58 секунди бидејќи веднаш се согласиле за поделбата на богатството. Од судницата Славица излегла со 800 милиони долари, но и многу недвижнини, па и самата го стекнала статутот „милијардер“.

Еден од најбогатите луѓе во Англија е милијардерот Берни Еклстон.
95-годишниот Британец е основач на групацијата Формула 1, а е толку богат, што ни разводот од Хрватката Славица не му ја одзеде титулата „милијардер“.
Богатството на Берни се проценува на повеќе од 2,5 милијарди долари, а во разводот, неговата поранешна сопруга доби над 880 милиони долари и многу недвижнини.
Што знаеме за еден од најскапите (и најкратките) разводи во светот?
Роден во 1930 година, Берни уште во младоста покажувал талент за бизнис.
Многу рано во животот станал успешен бизнисмен, а по формирањето на групацијата Формула 1, брзо стана и милијардер.
Поради самодовербата, амбициозноста и, секако, парите, Берни отсекогаш им бил привлечен на жените, без разлика што има потпросечна висина од околу 159 сантиметри.
Со првата сопруга стапил во брак додека бил многу млад, а тогаш го добил првото дете – ќерката Дебора.
Потоа цели 17 години бил во врска со друга жена, но ја оставил за Славица – Хрватка од Риека која веднаш го освоила.
Славица тој период работела како модел и важела за вистинска убавина, а Берни првпат ја здогледал на трка на Формула 1.
И, веднаш помислил дека мора да биде негова.
Подоцна Славица има откриено како се сретнале – штом ја здогледал, Берни ја поканил во неговиот луксузно опремен автобус кој го нарекувал „мото-хотел“.
Сепак, бидејќи таа не знаела англиски, не можеле многу да разговараат.
На крај, Славица му оставила број, но погрешен, но ни ова не го запрело Берни да ја најде.
На денот на средбата, Славица имала само 23 години, додека Берни 51 година, но ова очигледно не им пречело.
Не им пречел ни фактот што Славица, со своите 188 сантиметри, била многу повисока од Берни.
Почнале врска, Берни се разделил со дотогашната девојка, а во 1985 година решиле и да се венчаат.
Па, Славица го добила презимето Еклстон што го користи до денес.
Парот доби две деца и иако Славица живееше раскошно во една пригода откри дека Берни имал чудни правила.
Имено, сопругот никако не дозволувал непотребно трошење пари.
Според она што го има кажано, Берни постојано работел, а живеел како да нема ништо.
Во куќата немале скапи вина и не јаделе специјалитети како другите богаташи. Напротив, Берни пиел само евтино пиво, а омилено јадење му биле јајца со двопек.