Разголени фотки, пиштол во Париз: Луди детали од животот на скандалозната сестра на Кејт Мидлтон
Пипа и нејзиниот сопруг не се омилени меѓу нивите соседи
Пред неколку години, Пипа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус одлучиле да го прошират нивниот ранч во Англија.
Тие сакале да направат посебно игралиште за деца, кафетерија, како и мала продавница.
Но, нивен сосед се пожали за планот на парот, според кој со проширувањето на ранчот требало да се премести важен пат во областа.
Според плановите, патот ќе требало да се премести на место кое честопати се поплавувало, а на луѓето кои живееле во околината им бил од голема важност.
Сепак, по цела година влечење по судови, Пипа и Џејмс ја добија дозволата за градба.
Скандал со разголени фотки
Во 2011 година, во периодот кога свадбата на Кејт и Вилијам беше најзборуваниот настан во светот, во јавност протекоа разголени фотографии од Пипа.
Наводно фотографиите биле направени во 2006 година, на Ибица, а на нив се гледа како Пипа танцува со маж на брод.
На дел од фотографиите е само по градник и здолниште, но потоа го соблекува градникот.
Благодарение на влијанието на кралското семејство, разголените фотографии беа отстранети и беше забрането да се продаваат на медиуми.
Драма со Меган Маркл
Пипа и Џејмс се венчаа во 2017 година, а тој период принцот Хари беше во врска со Меган Маркл.
Како негова девојка, и Меган беше поканета на свадбата, но наводно Пипа воопшто не сакала да доаѓа.
„И Пипа и нејзината мајка беа загрижени дека присуството на американската актерка заедно со Хари ќе го засени целиот настан“, сподели извор за британските медиуми.
Меган и Хари иако беа на свадбата, Меган ја пропушти црковната венчавка, што ги разгоре гласините дека сепак имало и караница.
Спирова С. | Црнобело