Разголени фотки, пиштол во Париз: Луди детали од животот на скандалозната сестра на Кејт Мидлтон
- Детали
- недела, 12 јули 2026
Во периодот кога венчавката на Кејт и Вилијам беше најзборуваниот настан, во јавност протекоа разголени фотки од Пипа Мидлтон...

Пипа Мидлтон е помладата сестра на принцезата Кејт и иако нема титула, сепак се смета за дел од кралското семејство.
Откако Вилијам се венча со Кејт, и животот на Пипа е „под лупа“, но за разлика од нејзината сестра, таа зад себе има многу повеќе скандали.
Факт е дека други јавни личности имаат правено многу поскандалозни работи, но како сестра на идната кралица, и најмалите грешки се одразуваат лошо врз репутацијата на Пипа.
Дел од скандалите на Пипа Мидлтон:
Скандал со лажен пиштол
Во 2012 година, Пипа Мидлтон беше фотографирана во автомобил во Франција со маж кој држеше пиштол.
Мажот го имаше вперено пиштолот кон папараците, па фотографиите брзо почна да се споделува вирално.
Според законите во Франција, на мажот му се закануваше и седумгодишна затворска казна за инцидентот.
Но, подоцна се докажа дека пиштолот всушност бил лажен, па мажот избегна казна.
Сепак, ова е одрази лошо на репутација на Пипа, особено бидејќи пред само една година сестра ѝ се венча со принцот Вилијам.
Во нејзина одбрана застана пријателка која исто така била во автомобилот:
„Очигледно Пипа немаше поим дека ќе извади пиштол и веднаш му рече да престане. На Пипа целата ситуација воопшто не ѝ беше забавна“.
Ја критикуваа бидејќи јадела месо од кит
Многу видови китови се загрозени поради прекумерното ловење, климатските промени и низа други фактори.
Поради ова, јадењето на место од кит, дури и вид кој не е загрозен, е нешто што многумина го осудуваат, вклучувајќи и луѓе кои уживаат во морска храна.
Но, Пипа веројатно не била свесна за ова, па во колумна за Daily Telegraph самата се пофали дека јадела месо од кит во Норвешка.
Пипа се соочи со остри критики, вклучувајќи од здруженија за заштита на китови:
„Можеби Пипа не знае, но комерцијалното ловење китови во Англија е нелегално. Убивањето на китовите е сурово, нема хуман начин да се убијат и многу од нив се убивани со копја со гранати.
Пипа требала да замисли убаво пред да го промовира ова“.