Го држи за рака, ја гледа вљубено: Никол Кидман на одмор во Италија со богат бизнисмен, неполна година по разводот (фото)

Месецов Никол Кидман беше на одмор во Портофино, Италија и иако отишла со нејзините ќерки, голем дел од времето помина во друштво на богат бизнисмен. На папарацо фотките, актерката не ја тргна насмевката од лицето додека ужива во миговите со новиот партнер.

go-drzhi-za-raka-ja-gleda-vljubeno-nikol-kidman-na-odmor-vo-italija-so-bogat-biznismen-nepolna-godina-po-razvodot-foto-01.jpg

Неполна година по разводот од Кит Урбан, се чини дека Никол Кидман повторно пронајде љубов.

Актерката, која поднесе барање за развод по цели 19 години брак, неодамна уживаше во Италија во друштво на богат бизнисмен.

59-годишната актерка првпат беше фотографирана со бизнисменот Мајкл Рајнштајн на 18-ти јули, пред нејзината хотелска соба во Портофино.

nikol-kidman-uzhiva-so-bogat-biznismen-vo-italija-go-zaboravi-bivshiot-nepolna-godina-po-razvodot-foto-20.JPG

Никол беше во лежерно издание, во сатенски комплет и иако не споделија бакнеж со бизнисменот, на фотките сепак делува како да се пар.

Неколку денови подоцна, тие беа фотографирани и покрај базенот на хотелот во Портофино.

nikol-kidman-uzhiva-so-bogat-biznismen-vo-italija-go-zaboravi-bivshiot-nepolna-godina-po-razvodot-foto-08.JPG

И овој пат се воздржуваа од разменување нежности, но од фотките е јасно дека уживаат во заедничките мигови – и двајцата постојано беа насмеани, а во еден миг бизнисменот ја фати Никол за рака.

На една од фотките Никол си го крие лицето со шешир, а богаташот како да пробува да ѝ го тргне.

nikol-kidman-uzhiva-so-bogat-biznismen-vo-italija-go-zaboravi-bivshiot-nepolna-godina-po-razvodot-foto-10.JPG

Според Daily Mail, Никол отишла во Италија со нејзините ќерки што ги доби од бракот со Кит Урбан, а таму им се придружил и бизнисменот.

Извор близок до актерката сподели дека моментално таа се фокусирала на тоа да најде среќа по разводот.

„Никол не ни помислуваше дека нејзиниот брак ќе се растури и го дава најдоброто од себе да го задржи семејството заедно.

Нејзините ќерки ѝ се најдобрите пријателки и засега изгледа навистина среќно“.

nikol-kidman-uzhiva-so-bogat-biznismen-vo-italija-go-zaboravi-bivshiot-nepolna-godina-po-razvodot-foto-03.JPG

Изворот додава и дека актерката пробува да ја заштити својата приватност, па мали се шансите дека ќе открие нешто за нејзината нова љубов.

Но, американските медиуми веќе успеаја да „ископаат“ детали за избраникот на Никол.

Мајкл потекнува од Лос Анџелес, каде што живее и денес, а има завршено правен факултет.

nikol-kidman-uzhiva-so-bogat-biznismen-vo-italija-go-zaboravi-bivshiot-nepolna-godina-po-razvodot-foto-3.JPG

Во 2003 година отворил своја телевизија, а потоа основал и инвестициска компанија.

Неговата компанија има канцеларии во 65 држави и има над 40.000 вработени, а неговото богатство се проценува на околу 250 милиони долари.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никол Шерцингер како бикини божица дочека 48-ми роденден – позира на плажа, свршеникот восхитен од н... Напиша 47 во песокот, па бран ја избриша бројката и испиша 48 – Никол Шерцингер ...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Бакна друг маж пред него, се венчаа набрзина: Знаци дека бракот на Никол Кидман и Кит Урбан беше осу... На Кит Урбан не му било сеедно што Никол сè почесто снима филмови со многу секс ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...

Најчитани неделава