Х Фактор: Тамара Милановиќ фаворит на Скот Милс?

За тоа дека „Х фактор Адриа“ е најпопуларно шоу зборува податокот дека на социјалните мрежи сè уште се зборува за првата епизода во куќата на судиите кога се дознаа финалистите од групите на Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ.

skot-mils-ja-pofali-tamara-milovanovik-01

Посебно внимание на социјалните мрежи привлече коментарот на гостинот на Кики, Скот Милс, познат радиоводител од Велика Британија, кој на Твитер за време на емисијата го објави настапот на Тамара Милановиќ и напиша коментар: „Сериозна Х фактор фаца!“

Таа за разлика од првата аудиција кога ја пееше емотивната балада од Адел  „Don`t you remember“  и со својот настап ја расплака Емина Јаховиќ, овојпат избра повесела песна.

На аудицијата пред менторот Кики Лесендриќ и неговиот гостин Скот Милс ја отпеа „Hajde da“ од Беби Дол.

Со интересната изведба и одличната контрола на гласот и ритамот ги освои симпатиите на двајцата.

Во коментарот при соопштувањето на одлуката Кики ѝ ги пренесе импресиите и ѝ откри дека во неа виделе дијамант кој допрва треба да се обликува.

Скот Милс изразил особено задоволство за поканата од Кики да му биде гостин и да му помогне во изборот на 3 девојки финалистки од групата до 27 години.

„Мило ми е што Скот ја прифати мојата покана. Неговото познавање на музиката е фасцинантно. Познато е дека Скот работел со светски изведувачи, бил главен гостин на турнејата на Роби Вилијамс, а неговото радиошоу на BBC Radio 1 е една од најслушаните емисии во светот.Штом дознав дека сум избран да бидам судија во „Х - фактор“ ми беше логично, како врвен професионалец и мој голем пријател, да го поканам како гостин – ментор. Благодарен сум што ми помогна во донесувањето на тешките одлуки“. – изјавил Кики Лесендриќ.

Погледнете го уште еднаш настапот на Тамара:

Би можело да ве интересира:

Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Побарала развод на Валентајн, Џејда пробала да им го спаси бракот: Која е првата сопруга на Вил Смит... Вил Смит отишол на сет на ситком серија за да ја запознае Џејда. Но, ја сретнал ...
Поради Мелани Грифит се разведе од првата сопруга, сега љуби 21 година помлада - Кои три жени ги сак... Од почетокот на неговата кариера го носи епитетот на латино заводник. Но, љубовн...
Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
Спиела со таткото на Ким Кардашијан, Елвис ја силувал и сакал да абортира: Присила Присли со нови ко... Во новите мемоари Присила вели дека Елвис ја силувал кога дознал дека има афера,...
Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Du... Уште пред да го финализира разводот од првата сопруга, Џим Кери потврди дека е в...

Најчитани неделава