Бренда Волш повторно во Беверли Хилс

brenda_small.jpgАко сте љубител на серијата „Беврли Хилс 90210“, а уште повеќе на главната актерка Бренда Волш оваа вест сигурно ќе ве израдува. Во припрема е продолжение на оваа серија, под име „90210“, а глумицата Шанен Доерти, која се прослави со улогата на Бренда Волш во почетокот на деведесетите години, неодамна се согласи да гостува во продолжението.

Покрај Доерти и глумицата Џени Гарт се согласи да игра во серијата, а нејзиниот лик - Кели Тејлор, сега е школски brenda.jpgпсихолог. Тори Спелинг, ќерката на Арон Спелинг, творецот на оригиналната серија исто така се согласида гостува во серијата како Дона Мартин, сега сопственик на познат бутик на Беверли Хилс, но нејзиното појавување сеуште временски не е потврдено бидејќи неодамна се породи.

Бренда Волш последен пат ја видовме во серијата пред нејзиниот пат во Лондон на студии за глума. Во новата серија таа е позната театарска актерка која игра во Британија и Америка. На повик на директорот, таа се враќа во своето средно училиште Вест Беверли за да режира еден средношколски мјузикл. Во серијата ќе го видиме и Нејт, сопственикот на ресторанот „The Peach Pit“ кој го игра Џо Е. Тата, со таа разлика што кафулето сега е преуредено во едно модерно и тренди место. Од нам познатите глумци во серијата игра и Лори Лохин, позната по улогата во серијата „Полна куќа“.

Би можело да ве интересира:

Ја нарекувале „резервоар“ бидејќи користела многу дрога и алкохол: Најлудите детали од животот на Ке... Додека беа заедно, Кејт Мос и Џони Деп беа познати како „најиздрогираниот пар во...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Трансродовата ќерка на Илон Маск го критикува татко ѝ: „Беше суров кон мене бидејќи бев женствена“ Трансродовата ќерка на Илон Маск откри дека конечно почнала да заработува свои п...
Славна е само 2 години, но веќе е дрска и разгалена дива: Која е пејачката што сите ја замразија пре... Чапел Роун се прослави во 2024-та, но веќе ја сметаат за разгалена дива која нео...
„Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар „Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не м...
Најубавите парови на доделувањето на Златни глобуси 2026 (фото) Џорџ и Амал Клуни, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, Селена Гомез и Бени Бланко – на ...

Најчитани неделава