Трансродовата ќерка на Илон Маск го критикува татко ѝ: „Беше суров кон мене бидејќи бев женствена“
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
Трансродовата ќерка на Илон Маск откри дека конечно почнала да заработува свои пари и дека не добива ништо од татко ѝ. Неодамна, таа повторно го критикуваше милијардерот, истакнувајќи дека бил ужасен татко, но и нарцис.

Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивиен, почна кариера како модел и неодамна го имаше своето деби на ревија ан Модната недела во Њујорк.
Иако татко ѝ е најбогатиот човек на светот, Вивиен нема никаков контакт со него и сподели дека речиси и да нема пари.

Во неодамнешно интервју, 21-годишниот модел откри и дека живее со цимери за да заштеди пари.
„Луѓето мислат дека имам многу пари. Но, јас немам илјадници долари со коишто можам да располагам. Мајка ми е богата, а очигледно другиот (Илон Маск) има незамисливо богатство. Но, јас немам желба да бидам екстремно богата.
Можам да си дозволам храна. Имам пријатели, дом, мал приход, што е навистина добро и сметам дека сум посреќна од многу мои врсници во Лос Анџелес“.

Вивиен јавно се откажа од татко ѝ во 2022 година, кога си го промени полот, но и официјално си го смени името бидејќи не сакала да ја поврзуваат со милијардерот.
Оттогаш, честопати го има критикувано Илон Маск најмногу за тоа дека бил далеку од добар татко.

Во друго интервју од ова лето, Вивиен зборуваше и за навредите што ги добивала од него.
Вивиен почнала да прима хормонска терапија пред да наполни 18 години, за што била потребна дозвола од нејзините родители.
Илон потпишал, но подоцна изјави дека бил измамен, но и јавно ја нападна Вивиен, изјавувајќи дека изгубил син.

Сега, таа вели дека овие изјави на милијардерот ја преминале секоја граница.
„Тој мислеше дека нема да кажам ништо. Ако тој лаже за мене, пред публика од милиони, нема да дозволам да помине така“.

Во истото интервју, Вивиен вели дека никогаш не добивала поддршка од татко ѝ, а ова важело и за нејзините браќа и сестри.
Иако Илон имал старателство, грижата за децата секогаш ја препуштал на дадилките.
„Многу беше студен. Имаше проблеми со гневот. Воопшто не е грижлив родител, а исто така е и нарцис“.

Вивиен вели дека отсекогаш била поженствена, уште пред да го промени полот, а Илон ја критикувал за ова.
„Бев во четврто одделение. Бевме на патување, не се сеќавам за што, и тој постојано ме критикуваше бидејќи гласот не ми бил доволно длабок. Беше суров“.

Илон ја критикуваше Вивиен на објава на Твитер, каде изјави дека имала аутизам, а таа одговори и на овие критики.
„Тој не знае какво дете бев бидејќи, едноставно, беше отсутен. А во ретките моменти кога беше тука, постојано ме напаѓаше за мојата женственост“.

Иако нема никаква финансиска поддршка од татко ѝ милијардер, Вивиен вели дека сега заработува доволно за себе.
Неодамна таа се појави на насловната страница на Teen Vogue и откри дека тоа ѝ била првата заработка како модел.
„Сега сум финансиски независна. Сега заработувам. Пред насловната страница не заработував. Луѓето имаат многу претпоставки за мене. Немав заработено ништо од тоа што сум позната“.

Вивиен додаде дека покрај кариерата како модел, сонувала и за свое ријалити шоу.
За потсетување, Илон беше во брак со мајката на Вивиен – Џастин – од 2000 до 2008 година. Покрај Вивијан, парот заедно доби уште пет деца.
Прочитајте и: Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко со ин витро“
Спирова С. | Црнобело