Која е жената која го освои Џорџ Клуни?

Џорџ Клуни, најзгодниот ерген во Холивуд, во изминативе неколку месеци изгледа како да го промени статусот на вечен самец.

koja-e-zenata-koja-go-osvoi-dzordz-kluni-01

Неговата нова „пријателка“, Амал Аламудин, има 36 години и е жена која сама успеала да создаде адвокатска кариера.

Клуни и Амал за прв пат беа видени во октомври во Лондон, на специјалната проекција на филмот „The Monuments Men“, а пред само неколку дена се фотографирани заедно во Танзанија.

koja-e-zenata-koja-go-osvoi-dzordz-kluni-02

Сигурно веќе се прашувате: Која е најзначајната жена во животот на Клуни?

Врвно образование и адвокатска кариера

Амал Аламудин е адвокат, стручно лице за меѓународно право. Дипломирала на универзитет во Њујорк.

Арапска и Француска крв

Амал е родена во Либан, но во себе има и француска крв.

Најубавата адвокатка во Британија

Минатата година Амал се најде на листата на „21 најубави адвокати во Лондон“, според магазинот Your Barrister Boyfriend.

Се разликува од сите бивши на Џорџ Клуни

Оваа жена пред врската со Џорџ Клуни на ниту еден начин не беше дел од светскиот шоубиз. И токму тоа ја одвојува од неговите претходни партнерки.

За разлика од неа, бившата девојка Стејси Киблер беше модел и актерка, додека првата сопруга Талија, со која беше во брак од 1989 до 1993, исто така се занимаваше со актерство.

koja-e-zenata-koja-go-osvoi-dzordz-kluni-03

koja-e-zenata-koja-go-osvoi-dzordz-kluni-04

koja-e-zenata-koja-go-osvoi-dzordz-kluni-05

Би можело да ве интересира:

Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
20 најубави парови кои издоминираа на наградите Еми 2025 (фото) Селена Гомез блескаше покрај свршеникот неколку дена пред свадбата, актерката Ри...
Беше присилен да открие дека е геј, дечко му умре од СИДА: Животот на Џорџ Мајкл бил како грчка траг... Иако важеше за една од најпознатите личности на светот, околу него имаше доза ми...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...

Најчитани неделава