Концертот на ѕвездите од „Х-фактор“ во Скопје со хуманитарна цел

Дванаесетте финалисти на мегапопуларното музичкото шоу „Х-фактор“ на 7. јуни доаѓаат токму во Скопје на својот прв заеднички концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.

koncertot-na-zvezdite-od-x-faktor-so-humanitarna-cel-01

Пред закажаниот концерт, дел од финалистите денес имаа прилика да се сретнат со македонските медиуми на конференцијата за печат на која ги соопштија информациите за претстојниот концерт.


Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Фифи и Урош Туркулов од групата „Доктори“ соопштија дека со нестрпливост го очекуваат концертот во Скопје и веќе се активно ангажирани во подготовките за својот настап.

На концертот финалистите ќе ги отпеат најдобрите песните од нивните настапи на финалните вечери, а дел од нив на овој концерт премиерно ќе ги претстават и своите први песни.

koncertot-na-zvezdite-od-x-faktor-so-humanitarna-cel-4

Покрај нив, на средбата со новинарите присуствуваше и Сандрина Анѓиќ, сопственичка на „МБК Продукција“ под чија надлежност се одржува концертот во Скопје.  

„Ви благодариме за целата поддршка што досега ја добивме од Македонија. За време на одржувањето на „Х-Фактор“, најголемата поддршка ја имавме токму од Македонија, а и во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна.

Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се наоѓаат и помагаат во кризните места настрадани од поплавите во регионот. За таа цел и „МБК“ продукција одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цели, со што и на овој начин ќе помогнат сите кои ќе бидат дел од концертот.“ – изјави Сандрина Анѓиќ.

На големото концертно шоу кое нè очекува на 7. јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу „Икс Фактор“ конечно ќе имаат специјално задоволство да уживаат во заедничкиот настап на финалистите од регионалното издание на ова шоу: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

koncertot-na-zvezdite-od-x-faktor-so-humanitarna-cel-3

koncertot-na-zvezdite-od-x-faktor-so-humanitarna-cel-2

koncertot-na-zvezdite-od-x-faktor-so-humanitarna-cel-1

Би можело да ве интересира:

Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“? Кон крајот на мината година, Даниел Стерн бил фатен додека се обидувал да најми ...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, прости... Осум години откако се ослободи од пороците, Чарли Шин напиша мемоари, а сними и ...
Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та Во пожарот во Кочани згаснаа премногу млади животи, а загинаа и Андреј и Панчо о...
Реакцијата на Џим Кери за гласините дека е заменет со клон: „Тажен е што луѓето се глупави“ „Светот верува дека 64-годишен маж е клон. Го претворија во теорија на заговор и...
Се омажи за братучед и од инцестот роди дете - Скандалозната љубов на актерката Грета Скаки Грета Скаки, која беше во брак со својот братучед Карло Мантега, признала дека н...

Најчитани неделава