Реакцијата на Џим Кери за гласините дека е заменет со клон: „Тажен е што луѓето се глупави“
- Детали
- вторник, 03 март 2026
„Светот верува дека 64-годишен маж е клон. Го претворија во теорија на заговор и го фрустрира што луѓето веруваат дека тој не е вистинскиот Џим Кери“, вели извор близок до актерот. Сепак, голем дел од јавноста се држи до верувањето дека на актерот му се случило нешто, а некои сметаат дека го „елиминирале“ бидејќи знаел премногу за холивудската елита.

Последното појавување на Џим Кери во јавност предизвика лавина реакции.
64-годишниот актер беше видно променет на доделувањето на César Awards во Париз минатата недела, па покрај шпекулациите дека направил корекции на лицето, се разгореа и теориите на заговор дека бил заменет од двојник.
Социјалните мрежи се преплавени со објави кои прават споредби со постари фотки и видеа од актерот и се чини дека дури и луѓето кои не веруваат во теории на заговор, сметаа дека има нешто сомнително.
Сега, преку својот портпарол, Џим Кери одлучи да се огласи. Според портпаролот, Џим Кери дефинитивно бил присутен на наградите.
Во меѓувреме, прозборе и еден од главните организатори на настанот, истакнувајќи дека појавувањето на Џим Кери било „историски момент“.
„Посетата на Џим Кери е планирана уште од минатото лето. Тој беше трогнат од нашата покана за настанот“.
Организаторот додава и дека актерот цели осум месеци го подготвувал својот емотивен говор кој го одржа на француски, а во публиката присуствувале десетина пријатели и членови од неговото семејство.
„Дојде со неговата партнерка, неговата ќерка, внук му и 12 блиски пријатели и членови на семејството.
Додека го спремаше говорот, лично мене ме прашуваше како правилно се изговараат некои зборови“.
За Daily Mail се огласи и друг извор, кој вели дека актерот бил тажен од реакциите за неговото појавување, но не бидејќи се чувствувал навредено.
„Џим е тажен. Не бидејќи луѓето се прашуваат или го исмејуваат за неговиот изглед – за тоа воопшто не се грижи.
Наместо тоа, тој е тажен бидејќи луѓето се глупави. Светот верува дека 64-годишен маж наводно е клон…
Го претворија во теорија на заговор и него го фрустрира што луѓето сериозно веруваат дека тој не е вистинскиот Џим Кери“.
За оние кои веруваат дека на настанот не присуствуваше Џим, најсилен „доказ“ е бојата на очите на актерот – тој има кафеави очи, но на снимките од настанот му изгледаат многу посветли.