Ѕвезди од шоубизнисот кои не пијат алкохол

Во светот на богатите и славните сите редовно се поврзуваат со алкохол и дрога. Но, колку и да се чини неверојатно постојат такви кои одлучиле да живеат здраво и да се откажат од алкохолот.

zvezdi-od-showbiznisot-koi-ne-pijat-alkohol-01

За спортистите е можеби очекувано да внимаваат на својот начин на живот, но за некои глумци, гумици и пејачи речиси е невозможно да ги замислите без чашка алкохол, со оглед на тоа во какви кругови се движат.

Но, меѓу малкумината кои можат да одолеат се издвојуваат и некои од најпознатите, кои знаат да се забавуваат и да си поминат одлично без ништо повеќе од природно добро расположение.

1. Блеjк Лајвли

Славната русокоса од „Озборувачки“ често изјавува дека ја обожава храната, но на алкохолот не помислува. Излегувањата во клубовите ги заменува за вечери со сопругот Рајан Рејнолдс.

zvezdi-od-showbiznisot-koi-ne-pijat-alkohol-1.jpg


2. Џенифер Лопез

Суперпопуларната Џенифер Лопез изгледа неверојатно во своите четириесетти години, а тоа е благодарение на строгиот режим кој вклучува здрава храна и тренинг, но со строга забрана за алкохол.

zvezdi-od-showbiznisot-koi-ne-pijat-alkohol-2.jpg


3. Кристин Дејвис

Згодната Шарлот од „Сексот и градот“ долго се борела со зависноста од алкохол, што речиси си го уништила животот и затоа веќе не сака да проба ниту голтка.

zvezdi-od-showbiznisot-koi-ne-pijat-alkohol-3.JPG


4. Ким Катрал

Тоа што Саманта во серијата не се одделува од коктелот, не значи дека и во приватниот живот го прави истото. Напротив, таа води здрав живот со здрава храна и така го одржува беспрекорниот изглед и на 50 години.


5. Дејвид Бекам

Најзгодниот британски фудбалер, Дејвид Бекам е пример за татко и сопруг, кој тврди дека со години не помислува на алкохол. Делумно и заради спортскиот живот, но и заради личните желби.

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Дејвид Бекам скока радосно по победата и прекачува ограда за фанови, а Викторија е ледена кралица – ... „Сепак со причина ја викаат Posh Spice, а не Sporty Spice / Бесценетиот момент к...
Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим Кијану Ривс и Џенифер Сим почнале врска во 1998-ма. Околу една година подоцна, т...

Најчитани неделава