Деми Мур - 100% природна

Иако се ближи нејзиниот 50 роденден, холивудската убавица Деми Мур и понатаму изгледа одлично, а нејзиното лице и тело како да ги затскриваат...

 

... нејзините години, за што според тврдењата на Деми, не се заслужни никакви пластични операции. Деми Мур оштро ги демантираше шпекулациите дека за својот младолик изглед, треба да се заблагодари на пластичните операции.

Деми која во ноември ќе наполни 47 години, наводно никогаш до сега не давала пари за корекција на своето лице и demi-mur-100-prirodna2тело.

"Тоа не е точно. Никогаш не сум била на операција за корекции на било што на моето тело, но и никогаш не ги осудував оние кои го направиле тоа. Ако тој бил нивниот избор, јас во тоа не гледам проблем.

Но не ми се допаѓа идејата да се оперирам за да го успорам процесот на стареењето. Скалпелот вас нема да ве направи среќни", изјави Деми.

"Денот кога ќе заплачам поради својот одраз во огледалото, можеби ќе биде денот кога ќе зажалам затоа што не сум направила ниту една операција.

До тогаш, сакам да изгледам природно, а не очајнички да пробувам да изгледам како да имам 30 години", додава таа.

Деми Мур е мајка на 3 деца и е во брак со помладиот и преубавиот Аштон (31).Таа нагласува дека годините воопшто не се важни кога станува збор за љубовта.

Би можело да ве интересира:

Има неколку милијарди, но била приземјена и скромна: Како принцезата од Дубаи го троши богатството? Иако таткото на принцезата од Дубаи има богатство поголемо од четири милијарди д...
Фото-споредби од славни дами на иста возраст, со и без пластични операции Додека 44-годишната Ким Кардашијан има направено безброј операции и процедури, Н...
Џоан Колинс (92) изгледа одлично во костим за капење - ужива во Франција со 31-година помладиот сопр... Актерката која многу генерации ја препознаваат како злобната Алексис од „Династи...
Спиела со моќни мажи и ги запишувала нивните тајни, била избодена на улица: Кој ја убил актерката Кр... Скоро пет децении, бруталното убиство на холивудската актерка Криста Хелм остану...
Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари? Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бид...
Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...

Најчитани неделава