Има неколку милијарди, но била приземјена и скромна: Како принцезата од Дубаи го троши богатството?
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Иако таткото на принцезата од Дубаи има богатство поголемо од четири милијарди долари, оние кои ја познаваат велат дека е многу приземјена. Таа носи скапа облека, патува на егзотични дестинации и јаде во елитни ресторани, но сепак покажувала и скромност.

Принцезата Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, која потекнува од владејачкото семејство на Дубаи, живее во вистински раскош.
Нејзиниот татко е Мохамед Бин Рашид Ал Мактум кој е владетел на Дубаи, но истовремено е и премиер и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати.
Неговото богатство се проценува на повеќе од четири милијарди долари и е всушност шестиот најбогат монарх во светот.
Не е познато колку точно изнесува богатството на неговата ќерка Махра, но јасно е дека живее во луксуз.
Неодамна, Махра се сврши со раперот Френч Монтана кој ѝ е бивш дечко на Клои Кардашијан, а за свршувачката си доби огромен дијамантски прстен вреден над еден милион долари.
Сепак, како единствена ќерка на лидерот, ова е далеку од најскапото нешто што го поседува.
Покрај парите на татко ѝ, Махра заработува и самата и минатата година лансира своја линија парфеми, а и активно работи на промовирањето на нејзиниот бренд.
До неодамна, беше активна на Инстаграм каде имаше над еден милион следбеници и редовно споделуваше детали од својот раскошен живот.