Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марко Јариќ за разводот со Адријана Лима: Секогаш ќе ја поддржувам

Откако го потврдија својот развод, српскиот кошаркар Марко Јариќ и бразилскиот топ модел Адријана Лима повеќе пати беа видени заедно, најчесто во друштво на своите 2 ќерки.

marko-jarik-za-razvodot-so-adrijana-lima-sekogas-ke-ja-poddrzuvam-01.jpg

По неколку месеци раздвоен живот, Марко Јариќ за прв пат јавно кажа што мисли за односот со Лима.

„Најважно ми е со Адријана да имам супер однос. Секогаш ќе ја поддржувам во сè.“

Адријана и Марко се разведоа по 5 години брак, во кои ги имаат ќерките Сиена и Валентина.

„Се надевам дека не го чувствуваат нашиот развод. Мислам дека тоа го направивме во последен момент пред тие да влезат во годините кога ќе разберат дека веќе не сме во брак.“

„Не ги размазив девојчињата. Се трудам да им дадам колку повеќе љубов можам, но сум неверојатно строг. Верувам дека детството нема да им биде лесно, затоа што се деца на најубавата жена во светот и успешен спортист. Не толку заради мене, колку заради Адријана. Се трудиме што подобро да ги подготвиме за тоа,“ откри Марко за прв пат по неколку месечниот молк на оваа тема.

marko-jarik-za-razvodot-so-adrijana-lima-sekogas-ke-ja-poddrzuvam-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg