Поранешната асистентка на Леонардо ди Каприo открива како е да се работи со него

Поранешна асистентка на Леонардо ди Каприо, актерката Каси Браун, споделила неколку фотографии и ни открива како изгледало да се работи со него. Таа се вработила како негова лична асистентка за време на снимањето на филмот „The Aviator“.

poraneshnata-asistentka-na-leonardo-di-kaprio-otkriva-kako-e-da-se-raboti-so-nego-01.jpg

Каси за првпат се запознала со Леонардо и ја добила својата работа преку нејзина пријателка која исто така била негова асистентка.

На Halloween во 2003-та година таа се присетува на моментот кога по снимањето на сцени за филмот „The Aviator“ била преморена и не знаела дали ќе биде дел од забавата која требло да се случи таа вечер.

poraneshnata-asistentka-na-leonardo-di-kaprio-otkriva-kako-e-da-se-raboti-so-nego-1.jpeg

Во тој момент Лео ѝ открил зошто токму тој празник е неговиот најомилен: „Чувството е прекрасно да можеш да се движиш меѓу луѓе без да мораш да застанеш и да се поздравиш само затоа што те препознале. Да бидеш како секој друг, без никакви очекувања“.

Каси открива дека работењето со него било прилично забавно: „Лео и јас секогаш се забавуваме за време на снимањето. Сакавме да ги набљудуваме луѓето и да имитираме акценти“.

„Понекогаш се преправав дека тој е типична разгалена ѕвезда и ќе му кажев: Да господине, дали би сакале уште нешто господине?, а тој ќе се насмееше и ќе ми кажеше да престанам да се шегувам“.

poraneshnata-asistentka-na-leonardo-di-kaprio-otkriva-kako-e-da-se-raboti-so-nego-2.jpeg

Каси открива дека за време на снимањето успеала да го запознае како личност не само на сцената, туку и надвор од неа.

„Тој е паметен човек кој сака да споделува приказни и искуства со другите луѓе, има добра смисла за хумор и воопшто не е вообразен“ - додава таа.

Меѓу другото, таа открива дека е посветен на својата работа: „Еден ден додека одевме на снимање, започна да ги пребарува сите дупки на подот, се чудев што прави, но сфатив дека се соживува со неговиот лик кој по природа бил перфекционист“.

Во 2015-та откако таа направила свој филм, престанала и нивната соработка. „Лео цело време ме поддржуваше во моите цели и ме поттикнуваше да успеам да го остварам својот сон“ - открива Каси.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чарли Шин конечно „трезен“, шармантното детенце непрепознатливо: Како изгледаат и што прават ѕвездит... Ангус, актерот кој го глумеше забавното дете Џејк во Two and a Half Men, денес е...
Беше секс симбол на својата генерација, се разведе по 5 месеци брак, па исчезна од јавноста: Се сеќа... „Кога се разведов од Софија Буш, мислев дека веќе нема да сакам никого. Разводот...
Вирално видео: Ана Винтур „избега“ кога Ким Кардашијан седна до неа на ревија - Дали навистина ја мр... Многумина се убедени дека Ана Винтур нема некое високо мислење за Ким Кардашијан...
Бурниот живот на Хрватката Нина Мориќ - глумеше во спот на Рики Мартин, ја „разведе“ Лима, обиди за ... Најпознатата хрватска манекенка на сите времиња, Нина Мориќ (46), живее бурен жи...
„Блиску до рајот“ – Роналдо со семејството на одмор на приватен остров во Саудиска Арабија „Ги полнам батериите“ – напиша Кристијано Роналдо на една од фотките на кои се г...
Ќерката на Брус Вилис, Талула откри дека на 30 години ѝ дијагностицирале аутизам: „Ми се промени жив... Пред 2 години тврдеше дека била искористувана од личноста која се грижела за неа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg