„Сирот, му треба помош“ – Џастин Бибер со зашеметен поглед и вознемирувачко видео ги загрижи фановите и докторите

„Ова е повик за помош, ова не е нормалниот Џастин“ - велат докторите за вознемирувачкото видео кое Бибер го објави, на кое очите му се вдлабнати, испиени, има зашеметен поглед и се однесува загрижувачки, а фановите се молат за него. Тој објави и низа чудни фотки со турбани и ќебе врз глава.

sirot-mu-treba-pomosh-djastin-biber-so-zashemeten-pogled-i-voznemiruvachko-video-gi-zagrizhi-fanovite-i-doktorite-01.jpg

Веќе подолг период, фановите на Џастин Бибер се загрижени за него, со оглед на тоа што месециве секое негово појавување во јавност е мизерно.

Многумина се посомневаа дека користи опојни супстанци и дека воопшто не е добар со менталното здравје, а тоа влијае и на бракот со Хејли, кој очигледно е разнишан, а другарките наводно ја молат да го остави.

Сепак, по сите шпекулации, тој неодамна се огласи преку портпарол дека е добар и дека не се дрогира.

Прочитајте повеќе: „Не се дрогирам, не се разведувам, среќен сум“: Џастин Бибер се огласи по бизарното видео, фановите не му веруваат

Но, најновото видео во живо, кое го објави на социјалните мрежи, покажа дека изјавата воопшто не е точна и дека очигледно му е потребна сериозна помош.

На видеото тој е без маица, очите му се полузатворени, вдлабнати и има зашеметен поглед, а однесувањето додека рапува му е загрижувачко и вознемирувачко.

Снимката брзо стана вирална, а фановите уште веднаш коментираа и ја покажаа својата загриженост:

„Не може повеќе да негира, сирот дечко, му треба помош“.

„Загрижувачко е. Се надевам ќе добие професионална помош. Ова е тажно“.

„Срцето ми се крши за него. Се молам да закрепне“.

Кликнете за да го погледнете видеото:

Во истиот период, неколку дена тој објавуваше чудни фотографии и видеа од себе, а многумина забележаа дека неговата сопруга Хејли го отследила од Инстаграм, но подоцна таа се огласи и кажа дека настанала некоја грешка со апликацијата, па сега повторно го следи.

Освен фановите, за него се загрижени и доктори, кои за DailyMail ја коментираат неговата состојба:

„Од она што го гледаме во видеото, Џастин изгледа несредено, изморено и веројатно не во добра ментална состојба. Нормално е луѓето да се загрижени“ – вели психотерапевтот Џонатан Алперт, кој смета дека пејачот е физички и емоционално исцрпен.

„Знаете, ова изгледа како повик за помош. Изгледа како да е во многу поразлична состојба од нормалниот Џастин кој сите го знаеме. Изгледа постаро и позрело, но изгледа минува низ многу работи. Изморен е и сигурно се соочува со недостаток на квалитетен сон и исхрана“ – изјавил доктор Гаурав Барти, пластичен хирург.

sirot-mu-treba-pomosh-justin-biber-so-zashemeten-pogled-i-voznemiruvachko-video-gi-zagrizhi-fanovite-i-doktorite-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Вирално видео: Џастин Бибер му помага на непознат маж на кој му се расипал автомобилот среде автопат „Можеби халуцинирам, но Џастин Бибер само што застана да ми помогне“, вели маж ч...
Селена Гомез на ручек несредена, Хејли Бибер јаде колач во автомобил – Фото-докази дека и ѕвездите с... Нови фотки од август 2025 кои се доказ дека и ѕвездите се обични луѓе... Алисија...
Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, семејната драма на Бекамови и, ...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...

Најчитани неделава