Што треба да знаете за Купер Хефнер (26), синот и наследник на Хју Хефнер?

Легендарниот основач на магазинот Playboy, Хју Хефнер ќе остане запаметен по неговиот спектакуларен живот во палатата Playboy и по тоа што секогаш беше опкружен со згодни девојки.

shto-treba-da-znaete-za-sinot-na-hju-hefner-26-godishniot-kuper-hefner-01.jpg

Тој почина во средата на 91-годишна возраст, а веста ја пренесоа речиси сите светски медиуми. Работата во Playboy Хефнер му ја препушти на својот најмлад син, 26-годишниот Купер Хефнер.

Купер, заедно со неговиот постар брат Марстон, порасна во палатата на Playboy, па логично беше дека ќе го наследи бизнисот на својот татко. Неговата мајка е плејбој ѕвездата Кимберли Конрад, која се разведе од Хју во 2010-тата.

Купер е поранешен директор на компанијата за медиуми HOP, a моментално е креативен директор на Playboy Enterprises и има сличен екстравагантен животен стил како својот познат татко.

Сепак, Купер неколку години ѝ е верен на својата девојка Скарлет Брн, со која планира и брак. 

Кога не е зафатен со работа, Купер вечера во најпознатите ресторани во Лас Вегас, се дружи со ѕвезди од светската елита, лета со приватни авиони и ужива во животот.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Хју Џекмен продолжува да ја понижува бившата сопруга: „Скршена е бидејќи ја однесе љубовницата на Ме... Хју Џекмен се соочи со остри критики откако на годинашната Мет гала се појави со...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуни... Шер пробала да го киднапира помладиот син бидејќи стравувала за него поради него...

Најчитани неделава