Не спијат до пладне: Познати личности кои стануваат рано


Не спијат до пладне: Познати личности кои стануваат рано

Тие супер изгледаат, работат на пет различни проекти и уште имаат време за семејството и посета на настани. Како ли им успева сѐ да стигнат?

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-1.jpg

Се жалите што сте спиеле само седум часа? Мишел Обама се буди во 4 часот наутро!

На моќниците од ѕвездената индустрија и деловниот свет, парите им овозможуваат одредени работи да ги направат побрзо и поефикасно од нас – „обичните“ смртници.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-2.jpg

Тие не мора самите да се грижат својата шминка, фризура, гардероба, да чистат, или, пак, да готват.

Но, тоа не значи дека најуспешните меѓу нив секој ден спијат до пладне, а потоа се излежуваат покрај базенот.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-3.jpg

Погледнете во колку часот стануваат познатите ранобудници:

Мишел Обама – 04:00

Поранешната прва дама на САД се буди во 4 часот наутро, па заедно со сопругот вежбаат во домашната теретана. „Обично таму стигам пред него. Гледаме спортски канали, вежбаме и разговараме.“, открива Мишел Обама.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-4.jpg

Ана Винтур  – 05:45

Со нејзината сурова професионалност, таа е страв и трепет во модниот свет. Ана Винтур станува секој ден во 05:45, за да може еден час да игра тенис, пред стилистката да ѝ ја исфенира косата во препознатливата фризура.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-5.jpg

Гвинет Палтроу – 04:30

Популарната глумица се буди толку рано, бидејќи сака да биде во мир и да вежба јога. „Не сум утрински тип. Тоа е прашање на упорност“, вели Гвинет Палтроу.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-6.jpg

Марк Волберг – 02:30

Славниот глумец и продуцент станува во ниедно време, за да одработи дури два тренинга.

Прво вежба во домашната теретана, а потоа вози до кошаркарски терен, каде игра баскет. Веќе во 6 часот јаде појадок, кој се состои од салата и пилешко.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-7.jpg

Викторија Бекам – 06:15

Мама Бекам се буди петнаесетина минути после 6 часот, но не за да вежба. Таа сака да има час време за работа, пред децата да станат од кревет.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-8.jpg

Хауард Шулц, генерален директор на Starbucks – 04:30

Хауард станува многу рано. Два часа чита весници, пребарува на интернет и вежба, а потоа трга на работа.

ne-spijat-do-pladne-poznati-lichnosti-koi-rano-stanuvaat-9.jpg

Во колку часот станувате вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бекам како „грчки бог“, Харпер татина ќерка - водени лудории на Бекамови во Грција (фото) Дејвид Бекам (45) со своите деца ужива во семејниот одмор во Грција. Дејвид уште...
Мишел Обама во бело бикини ужива со ќерката Малија во Мајами (фото) Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и нејзината најстара ќерка, Малија, ре...
Храна која Меган Маркл не смее да ја јаде додека е бремена Во кралското семејство има многу правила кои членовите треба да ги следат, а Мег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg