Запознајте ги понежните половини на дел од македонските ракометари (фото)


Запознајте ги понежните половини на дел од македонските ракометари (фото)

Нивните девојки и сопруги се нивната најголема поддршка, без разлика дали станува збор за триумф или пораз.

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-01.jpg

Тие се македонските херои, кои со лавовско срце и труд од петни жили, извојуваа победа над Словенија и имаа фантастичен почеток на Европското првенство, кое започна неодамна во Хрватска.

Македонската репрезентација, предводена од селекторот Раул Гонзалес, даде се од себе и нè направи горди Македонци.

Кога е спортот во прашање тие се даваат со цело свое срце, но така е и кога е приватниот живот во прашање. Македонските ракометари се посветени партнери, сопрузи и татковци.

Кире Лазаров ја запознал својата сопруга Љубица кога имал само 17 години, а денес имаат две деца. Борко Ристовски неодамна ја побара раката на својата сакана Николина и ситно бројат до реализирањето во улогата на родители.

Филип Лазаров со сопругата Билјана има еден син, Филип Миркуловски со Благица е од тинејџерските денови и имаат две ќерки. Столе Стоилов е во врска со струмичанката Катерина.

Еве како изгледаат понежните половини на дел од македонските ракометари:

Кире Лазаров и Љубица

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-02.jpg

Филип Миркуловски и Благица

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-06.jpg

Филип Лазаров и Билјана

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-05.jpg

Борко Ристовски и Николина

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-03.jpg

Столе Стоилов и Катерина

zapoznajte-gi-poneznite-polovini-na-del-od-makedonskite-rakometari-foto-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубов без секс: Познати парови кои се „чувале“ за првата брачна ноќ Интимниот однос претставува исклучително важен чин за некои славни личности. Зат...
Шенон Доерти сподели фотки со природна кадрава коса, откако го победи ... Шенон Доерти ја покажа својата прекрасна, кадрава коса, само неколку недели отка...
Работела 5 работи едновремено, модел е на 69 години: Факти за мајката ... Маје Маск изгледа прекрасно, чита постојано, горда е на својата сива коса и на с...