Сакала да го абортира, сега ѝ е благослов - Којa е Мариа Долорес, мајката на Роналдо?

Од навивање кога тој игра на фудбалските терени до чување на неговите дечиња, Мариа Долорес секогаш му е огромна поддршка на Роналдо.

fakti-za-maria-dolores-majkata-na-ronaldo-sakala-da-go-abortira-sega-i-e-blagoslov-foto-01.jpg

Во медиумите постојано осамнуваат преслатки фотографии од мајката на Роналдо со неговите дечиња. Мариа Долорес дос Сантос Авеиро обожава да го минува времето со внучињата и нејзиниот син ѝ е центар на светот.

Во една пригода таа за Роналдо изјави:

„Тој е детето што сакав да го абортирам. Бог не сакаше да се случи тоа и бев благословена. Понекогаш Роналдо се шегува со мене и ми вели: „Ти не сакаше да се родам, а гледаш сега колку многу ти помагам.“ И, искрено, понекогаш се шегуваме на темата.“

Долорес се држеше на страна од очите на јавноста сè додека не креираше свој Инстаграм профил, на кој сега има над еден милион следбеници и постојано прикачува фотографии од себе и своите сакани.

Роналдо има две постари сестри, Елма и Лилијана Катиа и брат Хуго.

Пораснат е во скромен католички дом во кој делел соба со своите сестри и брат.

Таткото на Роналдо, со кој немал добар однос, починал на 53-годишна возраст.

Долорес сега живее многу блиску до фудбалерот, неговата партнерка Џорџина Родригез и нивните 4 деца.

Фотки од Мариа Долорес:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Огромна торта како количка, ја храни саканата како бебе – Марк Ентони и бремената сопруга направија ... Марк Ентони го очекува своето 8-мо дете, a со 30 години помладата сопруга направ...
Сакаше Бонд девојка, се ожени со ќерка на свој пријател - Кои се најголемите љубови на Ричард Гир? Ричард Гир, еден од најголемите холивудски шармери во 1980-тите и 1990-тите, е ч...
Роналдо „уловен“ како одмара на јахта со Џорџина, откако од „приватни причини“ не се појави на погре... Кристијано Роналдо беше забележан како ужива на јахта на Мајорка, заедно со свој...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“ Тимоти Шаламе си донел приватен готвач додека го снимал Wonka од кој барал да му...

Најчитани неделава