Зошто и како Кејт Мидлтон си замина дома толку брзо по породувањето?

Вчера наутро, во 11:01 часот претпладне, Кејт Мидлтон роди здраво момче, кое тежи 3 килограми и 800 грама. Само 7 часа подоцна, заедно со принцот Вилијам и синчето, ја напушти болницата за да ужива во комфорот на Кенсингтонската палата.

zosto-i-kako-kejt-midlton-si-zamina-doma-tolku-brzo-po-poroduvanjeto-001.jpg

И бидејќи кај нас нормално е да се преспие барем една ноќ во болница со новороденчето, сите се прашуваат како Кејт толку брзо застана на нозе и си замина дома.

Интересно е што Велика Британија е позната по тоа што мајките најкратко остануваат во болниците по породувањето, односно во просек, по ден и половина пред да си заминат дома.

Брзото опоравување и заминување е веќе испраксирано, па со оглед на тоа што Кејт се породи утрото, немало потреба да преноќи.

Многумина тврдат и дека е невозможно мајката и детето да се одморат, со оглед на целата гужва и галама која им се создава под прозорецот, од луѓето и новинарите кои се собрани пред болницата.

zosto-i-kako-kejt-midlton-si-zamina-doma-tolku-brzo-po-poroduvanjeto-2.jpg

Плус, негата која Кејт и бебето ја добиваат е иста, без оглед дали се во болница или дома. Во Кенсингтонската палата веќе има тим од 20 стручни лица и доктори кои се грижат за здравјето и добрата состојба на мајката и новороденчето.

Тимот вклучува акушер, гинеколог, двајца доктори кои биле присутни за раѓањето на принцот Џорџ и принцезата Шарлот, како и експерти анестезиолози и педијатри.

Со оваа „домашна болница“ сосема е логично зошто Кејт си заминува толку брзо по породувањето.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мидлтон мораше да се соблече боса, ја критикуваат за стапалата: „Грозни се, можела да исече нок... „Како може една принцеза да има вакви стапала? / Можела барем да ги исече ноктит...
Гал Гадот за трауматичната бременост пред 2 години: „Во 8-ми месец имав тромб во мозокот, се прашува... „Уште пред да се вратам дома (од прегледот) и се јави доктор и ми рече ’Мора да ...
Кејт Бланшет со стар фустан на Филмскиот фестивал во Венеција – го носеше пред неколку години, често... Кејт Бланшет веќе ја нарекуваат кралица на одржливата мода бидејќи е една од рет...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Тинејџерската љубов што Кејт Винслет не може да ја преболи: „Имав 15, а тој 27 години, уште тагувам ... На 15-годишна возраст, Кејт Винслет беше во врска со 27-годишен маж. Иако јавнос...

Најчитани неделава