Тој ѝ е 5-ти сопруг по ред, 15 години помлад и 17 cm понизок: Факти за сопругот на бившата на Сталоне

Брижит Нилсен е доказ дека во љубовта нема правила. Таа имаше романси со некои од најпознатите мажи на светот, 5-ти пат по ред е во брак, а 5-тото дете го роди на 54 години.

5-ti-soprug-po-red-15-godini-pomlad-i-17-cm-ponizok-fakti-za-soprugot-na-bivhata-na-stalone-01.jpg

Брижит Нилсен (55) е данска актерка и модел, која ја започна кариерата како модел, а неколку години подоцна глумеше во филмот „Rocky“.

Позната е и по бракот со Силвестер Сталоне, на кој му беше и ко-ѕвезда во 1986 година во филмот „Cobra“.  Бракот им траеше само 2 години.

toj-i-e-5-ti-soprug-po-red-15-godini-pomlad-i-17-cm-ponizok-fakti-za-soprugot-na-bivhata-na-stalone-02.jpg

Инаку, Нилсен откри дека имала кратки романси и со Арнолд Шварценегер и со Шон Пен.

Нилсен досега е мажена 5 пати и има 4 сина и една ќерка. Инаку, од 2006 година наваму е во брак со нејзиниот 5-ти сопруг Матија Деси, кој е 15 години помлад од неа.

Парот се венча на Малта, но тие прво се венчаа во Доминиканската Република во 2005, сепак бидејќи нејзиниот 4-ти развод тогаш не беше финализиран, бракот не беше легален. Интересно е што добија ќерка кога Брижит имаше 54 години.

Брижит е висока 185 сантиметри, а Матија 168. Матија има работено како шанкер, модел и ријалити ѕвезда, а потекнува од Италија.

Како изгледа овој нетипичен пар:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава