Познати актерски ѕвезди кои по никоја цена не би снимале разголени сцени

Некои актери и актерки се сосема во ред со тоа да снимаат разголени сцени, но има и такви кои во секој договор имаат член со кој се оградуваат од секаква голотија.

poznati-akterski-dzvezdi-koi-po-nikoja-cena-ne-bi-snimale-razgoleni-sceni-01.jpg

Меѓу нив се и имиња како Џулија Робертс, Меган Фокс и Сара Џесика Паркер.

Џулија Робертс

Ја паметиме по силни улоги како Ерин Брокович и Вивијан од „Pretty Woman“, но досега ниеден нејзин лик не бил гол на екраните.

Во 2009 година таа признала дека ако тоа се побара од нејзе, таа сигурно ќе одбие, најмногу поради децата.

poznati-akterski-dzvezdi-koi-po-nikoja-cena-ne-bi-snimale-razgoleni-sceni-02.jpg

Ана Кендрик

Во еден филм се појавува гола, но подоцна се дознало дека всушност користела дублерка за таа сцена.

За себе вели дека никогаш не би ги критикувала оние кои снимаат разголени сцени, но самата тоа никогаш не би го направила.

Семјуел Л. Џексон

Актерот одбива да биде сниман однапред во разголените сцени.

Често во интервјуа се шегува дека не користи дублер бидејќи не постои некој што е „доволно прекрасен“ за тоа.

Сара Џесика Паркер

Актерката која е позната по „Сексот и градот“, дури и во такво шоу нема снимено ниту една гола сцена.

Во сите договори кои ги потпишува стои клаузула дека нема да има разголени сцени во кои се гледа нејзиното тело.

poznati-akterski-dzvezdi-koi-po-nikoja-cena-ne-bi-snimale-razgoleni-sceni-03.jpg

Џесика Алба

Таа одбива да снима какви било разголени сцени поради практична причина - не сака нејзините роднини да ги гледаат нејзините гради.

Џенифер Гарнер

Актерката, едноставно, не е заинтересирана да прикажува разголени делови од своето тело на филмското платно.

Блејк Лајвли

Лајвли смета дека голотијата секогаш го одвлекува вниманието од приказната.

Таа дури и самата признава дека кога ќе види голи гради, го губи фокусот од другите сцени.

poznati-akterski-dzvezdi-koi-po-nikoja-cena-ne-bi-snimale-razgoleni-sceni-04.jpg

Џесика Симпсон

Иако е попозната по својата музичка кариера, Џесика се има појавено и во неколку филмови.

Таа не се грижи за тоа дали игра некоја мрачна или интелектуална улога, сè додека од нејзе не се бара да се разголи.

Сара Мишел Гелер

Познатата Бафи може да се согласи да се разголи делумно, но никогаш нема целосно да се соблече во филм.

Менди Мур

„Никој нема да го види мојот задник гол, освен јас самата, зад затворени врати!“

Доколку треба да сними разголена сцена, Менди ангажира дублерка.

Меган Фокс

Иако важи за секс-симбол, Меган всушност избегнува улоги во кои треба да се разголи.

Таа повеќе цени да работи со талентирани колеги и режисери, а голотијата не е нешто што сака нејзините деца да го гледаат на телевизија.

Во една прилика изјавила дека голотијата на филм е дури и деградирачка за актерките.

poznati-akterski-dzvezdi-koi-po-nikoja-cena-ne-bi-snimale-razgoleni-sceni-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава