Силната хемија помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер на изведбата на Shallow на Оскари 2019 (видео)


Силната хемија помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер на изведбата на Shallow на Оскари 2019 (видео)

Силната хемија помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер на настапот на Оскарите предизвика бурни реакции кај публиката.

dlaboki-pogledi-i-nezhnosti-silnata-emija-pomegju-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-na-izvedbata-na-shallow-na-oskari-2019-video-01.jpg

Хит песната Shallow од филмот A Star is Born доби Оскар за Најдобра оригинална песна, а дуото имаше неверојатна изведба.

Бредли Купер и Лејди Гага ја изведоа песната со многу емоции, длабоки погледи еден во друг и нежности кои не останаа незабележани.

Фановите не можеа да одолеат на нивниот моќен перформанс, а твитерџиите не пропуштија и шанса да се пошегуваат дека малку претерале и се занеле, а дури има и коментар кој гласи „Бредли Купер само што ја напушти сопругата за Лејди Гага“.

Сепак, иако многумина мислат дека Ирина Шајк е љубоморна, таа беше прва која стана и им даде аплауз за одличниот перформанс, а Бредли Купер има изјавено дека таа многу го поддржува.

Погледнете го целосниот настап на Бредли и Гага полн со емоции:

Инаку, за Оскарите, Лејди Гага го копираше изгледот на Одри Хепберн од Breakfast at Tiffany’s, а дури носеше и накит со истиот Tiffany 128-каратен дијамант.

https://www.instagram.com/p/BuSaYgXHjho/

Фотки од настапот и од Лејди Гага на црвениот тепих: 

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бредли Купер и Лејди Гага нема да бидат добар пар? Неверојатната хемија помеѓу нив не би имала долг животен век. Двајцата останаа с...
Лејди Гага не може да ги тргне рацете од новото момче, Бредли Купер е историја 33-годишната пејачка во сексапилно издание ужива во друштво на новото момче. Дал...
Лејди Гага со мајка ѝ, Бредли Купер со прекрасната Ирина Шајк на NBR awards Лејди Гага се одлучи за сексапил и гламур од стариот Холивуд, додека Ирина Шајк ...

Најчитани неделава