Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 лекции што ги научивме од Евровизија 2019

По Евровизија 2019 луѓето знаат каде на мапата се наоѓа Македонија, но што друго научи светот од овој музички спектакл?

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-01.jpg

Данкан Лоренс (24) ѝ ја донесе победата на Холандија, првпат по 1975 година. Но, за нас на Евровизија 2019 морален победник е нашата Тамара Тодевска.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-05.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-13.jpg

По победата Данкан порача дека во животот треба да се држите до тоа што го сакате и да сонувате големо секогаш.

Но, Евровизија нè научи на уште неколку лекции:

Не можете да ја држите политиката на страна

Организаторите на Евровизија инсистираат дека ова е неполитички настан. Но, тензија создаде исландскиот бенд Хатари кои при преносот во живот покажа написи со Палестина.

Потоа, Мадона даде политичка нота со тоа што еден од нејзините танчари имаше израелско знаме на грбот, а друг палестинско и тие одеа рака за рака.

Како Евровизија да остане неутрална кога учесниците одбиваат да ги следат правилата?

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-2019-02.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-2019-01.jpg

Добрата песна може да ја победи одличната сценска изведба

Австралија имаше спектакуларен сценски настап со еластични стапови и визуелни ефекти. Но, според пласманот се покажа дека тоа не е пресудно.

Едноставниот Данкан Лоренс со искрена изведба на сцената триумфираше, а и Тамара имаше настап од овој тип и се пласираше навистина високо.

Во ред се огнометите и сценските чуда, но победата на Данкан, како и победата на Португалија во 2017 година нè потсетија дека добрата песна е најважна.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-11.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-10.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-12.jpg

И големо име може да разочара

Мадона беше главната ѕвезда на Евровизија, но таа се бореше со изведбата на нејзините две песни и дефинитивно не ги исполни очекувањата.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-04.jpg

Големата петорка не е толку голема

Петте земји кои вложуваат најмногу пари во Евровизија и минуваат директно во финале повторно не нè воодушевија со изведбите.

Многу луѓе коментираат дека и тие треба да си го заслужат местото во финалето како сите други.

Единствено од нив што се покажа, а и добро се пласираше е Италија. Најлошо годинава помина Германија.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-09.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-08.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-07.jpg

Целата статија на BBC прочитајте ја ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Победничката на Евровизија од 2018-та се соочи со сериозна дијагноза и ослабе 30kg - Kако изгледа де... Таа „кокодакаше“ на евровизиската сцена во 2018 година и со својот шарм, енергиј...
Колку се смени и што прави денес Швајцарецот Немо, победникот на Евровизија 2024? Се пресели во Берлин, се залага во Швајцарија да се воведе трет пол, целосно го ...
Ја испеаја Aserejé, беа на Евровизија, па исчезнаа – Каде се денес девојките од Las Ketchup? Се сеќава ли дека во 2006 година, девојките од Las Ketchup ја претставуваа Шпани...
За себе вели дека е квир, призна дека има дечко - Кој е Џеј Џеј од Австрија, победникот на Евровизиј... Младиот Австриец со филипински корени за себе вели дека е квир, зборува 4 јазици...
„Не даваме милиони за ’богохулно“ шоу – Швајцарците од Базел на референдум заради Евровизија 2025 „Евровизија е шоу кое сè повеќе е насочено кон идеолошки провокации, кои јасно с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg