Ја испеаја Aserejé, беа на Евровизија, па исчезнаа – Каде се денес девојките од Las Ketchup?
- Детали
- петок, 02 август 2024
Се сеќавате ли дека во 2006 година, девојките од Las Ketchup ја претставуваа Шпанија на Евровизија?

Раните 2000-ти ќе ги помниме по играчките чибиџан, серијата „Клон“, настапот на Тоше Проески на Евровизија, фотоапаратите со филм, но и песната Aserejé, позната и како The Ketchup Song.
Немавме поим што пеат девојките од групaтa Las Ketchup, но сите пеевме со нив, а ја знаевме и забавната кореографија која на некој начин стана Macarena на нашата генерација.
Но, веруваме дека не сте ја слушнале песната можеби две децении, а и сигурно не сте слушнале ништо за трите девојки што ја пееја.
Како се прослави триото Las Ketchup и што се случи со нив по успехот на Aserejé?
Шпанската група е формирана во 2001 година, од страна на продуцентот Мануел Руиз.

Трите девојки – Лусија, Лола и Пилар – се всушност сестри и се ќерки на фламенко музичар, кој во Шпанија е познат како El Tomate (доматот).

Триото ја издаде Aserejé кон средината на 2002 година и песната веднаш стана хит.
Од песната се продадоа над седум милион копии, а ги освои топ-листите во многу држави, вклучувајќи ги Шпанија, Португалија, Јапонија, Италија, Албанија, Германија, Австралија…

По огромниот хит, трите сестри извесен период се повлекоа од јавноста, наводно за да се посветат на пишување нови песни.

Се вратија на музичката сцена во 2006 година, но со уште една членка, и ја претставуваа Шпанија на Евровизија.

Со настапот на Евровизија не постигнаа некој голем успех – завршија 25-ти, со само 18 освоени поени.
Групата повторно направи пауза, за во 2016-та да ја испеат Aserejé на првата полуфинална вечер на Евровизија во Шведска.

Следниот настап им беше дури следната година, во Мексико, а групата официјално се обедини во 2019 година и имаа турнеја во Шпанија, но и Бугарија.

Активни се и денес, но настапуваат само трите сестри од оригиналниот состав, а имаат и Инстаграм профил со нешто помалку од 10.000 следбеници.
Повеќе фотки од групата на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено
Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк?
„Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С...
„Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ...
Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н...
„Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...