Колку се смени и што прави денес Швајцарецот Немо, победникот на Евровизија 2024?

Се пресели во Берлин, се залага во Швајцарија да се воведе трет пол, целосно го смени изгледот - каде е денес Немо, кој лани победи на Евровизија?

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-01.jpg

Пред точно една година, во мај 2024, европската јавност првпат слушна за Немо Метлер, 25-годишниот пејач од Швајцарија, кој победи на Евровизија.

Во големото финале, битката за трофејот се водеше помеѓу Немо, кој ја испеа песната The Code, и хрватскиот претставник Бејби Лазања со песната Rim Tim Tagi Dim.

Обложувалниците тогаш предвидоа победа за Бејби Лазања, кој тој беше фаворит и на публиката.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-05.jpg

Сепак, победникот лани го одлучи жирито.

Швајцарскиот претставник заврши со вкупно 591 поен, додека хрватскиот доби малку помалку - 547.

„The Code е песна за патување кое започна кога за себе сфатив дека не сум ниту маж ниту жена. Пронаоѓањето на себеси беше долг и тежок процес за мене.

Но, ништо не може да ја победи слободата што дојде откако сфатив дека сум небинарна личност“, рече Немо за својата песна во тоа време.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-08.jpg

Откако победи на музичкото натпреварување, Немо доби големо внимание и од јавноста и медиумите, но денес работите се смирени и тој е прилично повлечен.

Каде е и што прави Немо денес?

Пејачот моментално живее во Берлин - ја продолжи својата музичка кариера, работи на нови проекти и подготовува настапи.

Тој најави европска турнеја планирана за 2025 година и првично планираше таа да започне на 16 март во Келн, а да заврши на 19 април во Берлин.

Но, брзо пред почетокот на турнејата, тој објави дека таа се одложува за есен и дека ќе се случува од крајот на октомври до декември 2025.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-07.jpg

Според него, турнејата ја одложил бидејќи му требало „дополнително време за работа на новиот музички материјал“.

Немо рекол дека по победата на Евровизија, имал само околу три недели да напише и продуцира нови песни, што не му било доволно.

Во есенската турнеја се вклучени 24 настапи во 17 европски земји.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-04.jpg

Немо е познат и како активист и по својата вклученост во решавање разни општествени прашања.

Откако победи на Евровизија, тој јавно ја повика швајцарската влада законски да признае трет пол, откако тој предлог беше отфрлен во 2022 година.

Тој, исто така, ги поддржа и повиците за исклучување на Израел од Евровизија 2025 поради конфликтот во Газа, наведувајќи дека постапките на Израел „се спротивни на вредностите што Евровизија тврди дека ги претставува, а тоа се мир, единство и почитување на човековите права“.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-03.jpg

Немо е активен и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што го следат повеќе од 400 илјади луѓе, а пред минатогодишната Евровизија тој имаше само 30.000 следбеници.

Го смени и имиџот, па неговите природни кадрици во костенлива боја ги замени со коса до под уши со црно-портокалова боја.

kolku-se-smeni-i-shto-pravi-denes-shvajcarecot-nemo-pobednikot-na-evrovizija-2024-02.jpg

Погледнете го видеото од победничкиот настап на Немо на Евросонг 2024:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...

Најчитани неделава