Што прават денес ѕвездите од хрватската серија „Zabranjena ljubav“?

Поминаа речиси петнаесет години од прикажувањето на популарната сапунска опера во нашата земја. Како изгледаат и со што се занимаваат дел од нејзините главни јунаци во сегашноста?

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-2.png

Кога пред деценија и половина започна со емитување, теленовелата „Zabranjena ljubav“ го доби називот „прва хрватска сапуница“, која не ја остави рамнодушна ниту македонската публика.

Со големото внимание во медиумите, а подоцна и гледаноста, имаше и статус на најбанална серија во тогашниот телевизиски етер. Заврши со неверојатни 805 епизоди за неполни четири години.

https://www.youtube.com/watch?v=7gAd9OmJxqQ

Повеќето од актерите на почетокот беа аматери, а со драматичните заплети и клише реплики, неодоливо потсетуваше на сличните формати од американска и мексиканска продукција.

Од истите причини, набрзо се стекна со култен статус, а низ епизодите прошетаа и мноштво големи ѕвезди. Поголемиот дел од протагонистите, пак, подоцна се запишаа на факултет за глума.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-3.jpg

Каде се сега дел од главните јунаци? Еве што прават денеска ѕвездите од хрватската серија „Zabranjena ljubav“:

Зоран Прибичевиќ (Даниел)

Даниел беше еден носителите на дејството во првата сезони. Поради бизарната семејна приказна, тој несвесно се вљуби во сопствената сестра, со која биле разделени непосредно по раѓањето.

Откако нивниот заплет доби завршница, сценаристите го „убија“ веќе во втората сезона, по што Зоран Прибичевиќ се посвети на студиите по глума на Академијата за драмски уметности.

Товарот на „лик од сапуница“ не го носеше долго, туку се појави во повеќе други серии, филмови и театарски претстави, па дури беше и номиниран за награда за актерска игра. Со сопругата Аленка има две деца.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-4.png

Анита Бериша (Петра)

Спротивно на нејзиниот брат, Петра Новак го поминала животот во раскош и богатство. Улогата на разгалена девојка ѝ донесе голема популарност, па се сликаше во провокативно издание за Klik.

За разлика од повеќето колеги од серијата, убавата Анита Бериша не посака да стане професионална глумица. Откако заврши прикажувањето на епизодите, таа кратко водеше детска емисија.

Потоа се повлече од медиумите и посвети на струката - економија. Денеска е сопруга и мајка на ќерка.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-5.png

Марио Валентиќ (Борна)

Тој е еден од ретките протагонисти на „Zabranjena ljubav“ што донекаде ѝ беше познат на јавноста и пред емитувањето на серијата. Во 2002 е прогласен за Мистер туризам, а година дена подоцна и за Мистер на Хрватска. Во теленовелата го глумеше шармантното „лошо момче“ Борна Новак, останувајќи дел од екипата до самиот завршеток.

Но, тогаш всушност и започнува неговата медиумска приказна. Недолго потоа се појави во „Nad lipom 35", по што победи во хрватската верзија на „Танц со ѕвездите“ во 2008 година. Марио Валентиќ не се откажа од сапунските опери, туку глумеше и во „Dolina sunca".

Денес е сепак најпознат по здравиот живот. Тој е лиценциран иструктор, љубител на адреналин и тренинг во природа, а покрај на спортските страници и телевизиски канали, понекогаш се наоѓа и во жолтиот печат, највеќе заради разводот од водителката Мирна Марас, со која имаат син.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-6.png

Мирна Медаковиќ (Маја)

Маја Вуковиќ му беше голема љубов на Борна, а нејзиниот лик го толкуваше сосема непозната девојка за јавноста. После само една година помината на сетот од „Zabranjena ljubav“, Mирна Медаковиќ отиде на приемен испит за глума, се запиша на Академија и засекогаш се поздрави со екипата.

А, оттогаш актерската кариера и тргна во нагорна линија. „Počivali u miru", „Larin izbor", „Kud puklo da puklo" и „Budva na pjeni od mora" се само некои од сериите во кои таа се се појави.

Тука се и низата филмски и театарски улоги, синхронизации на цртани филмови, ама и најважната животна улога – мајчинството. Со сопругот во 2017 година станаа родители на близначки.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-7.png

Марио Млинариќ (Јаков)

Освен што со претходно споменатиот колега има исто име, двајцата се нашле и на иста писта на избор за убавина. Годината кога Валентиќ бил прогласен за Мистер на Хрватска, Млинариќ завршил како прв придружник.

На аудицијата за „Zabranjenа ljubav" отишол сосема случајно, добивајќи ја улогата на фотографот Јаков Баришиќ, во тоа време единственот бисексуалец во некоја домашна серија. По завршетокот со снимањата, набрзо се регрутираше и во други теленовели на ХРТ.

А, потоа следуваа реалните шоуа. Најпрво победи во „Fear Factor", пa зеде учество и на „Farmа". Оттогаш негде и започнува неговата страст кон адреналинот и рушење на светски рекорди, којашто му го донесе статусот на еден од најбараните тренери во земјата и ѕвезда на шоуто „Život na vagi".

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-8.png

Уште 5 актери, на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава