Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Торба со сол, каубојски чизми - Најчудните подароци кои ги добила кралицата Елизабета

Меѓу британските кралеви, не само што Кралицата Елизабета владеела најдолго, туку најверојатно добивала и најмногу подароци. Таа самата за секој од подароците пишува благодарници. 

torba-so-sol-kaubojski-chizmi-najchudnite-podaroci-koi-gi-dobila-kralicata-elizabeta-01.jpg

Ова се некои од најнеобичните подароци што ги добила британската кралица Елизабета:

Вински фрижидер кој се трансформира во маса

Во 1972 година, претседателот Жорж Помпиду од Франција, на кралицата ѝ подарил невообичаени подарок: челичен вински фрижидер во форма на скакулец што  може да се трансформира во маса за пијалаци, кога неговите крилја се ротираат.

torba-so-sol-kaubojski-chizmi-najchudnite-podaroci-koi-gi-dobila-kralicata-elizabeta-002.jpg

Златен сет од Персискиот залив

За време на 18-дневната посета на Персискиот залив, во 1979 година, кралицата и принцот Филип добиле многу подароци, вредни милиони долари, од арапските домаќини.

Меѓу нив е и бисер во облик на круша во природна школка, златен сад со златен аметист, златен сад за кафе во форма на сокол, чии канџи се направени од аметист, и три златни мечови украсени со скапоцени камења.

Najcudnite podaroci koi gi dobila kralicata Elizabeta 02

Торба сол

Во 2015 година, гувернерот на британските Девствени Острови, на кралицата ѝ подарил торба полна со сол.

Овој подарок претставувал симболично враќање на традицијата, бидејќи порано на кралевите им се давала вреќа со сол, како данок.

Слика со коњ во различни бои

Во 2015 година, претседателот на Германија, Јоаким Гаук, на кралицата ѝ подарил акрилна слика на која е насликана кралицата, како млада девојка, како седи на коњ.

Во оваа импресионистичка слика коњот има сина боја, со акценти на жолта, розова и зелена боја.

Najcudnite podaroci koi gi dobila kralicata Elizabeta 03

Голем број на животни

Во текот на годините, на кралицата Елизабета ѝ биле подарени многу животни, вклучувајќи слонови, крокодили и други, прилично чудни егзотични животни.

Покрај тоа, нејзиното Височество добило неколку млади црвени елени и коњ по име Сер Џон, од канадската кралска полиција.

Чизми

Кралицата Елизабета е жена која сака коњи, но дали сака да носи каубојски чизми? Во 1991 година, во посета на САД, Нејзиното Височество добило пар автентични каубојски чизми.

Дали некогаш ги носела? Не знаеме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Џоли му купила водопад на Бред Пит: Најскапите и најлудите божиќни подароци на славните Бидејќи Бред Пит отсекогаш сакал куќа покрај водопад, додека беа заедно, Џоли за...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Амбер Херд доби близнаци – гласини дека се биолошки деца на Илон Маск, како ќерка ѝ Уна Амбер Херд откри дека добила близнаци, но не е познато дали користела сурогат ма...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg