„Најзгодниот затвореник“ беше оставен како што ја остави сопругата - Клое се бакнува со нов маж (фото)
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Клое Грин, ќерката на сопственикот на Topshop модната империја, во 2017-та го заведе „најзгодниот затвореник во светот“ и за нивната афера се дозна преку папарацо фотографии. Тогаш, Џереми Микс, беше уште во брак, па сопругата дозна за аферата токму преку фотки.
Но, изгледа тркалото се заврте, па Клое Грин сега се бакнува со Роми Џани, 42-годишен капитен на поло тимот во Монте Карло, додека од Џереми Микс нема ни трага ни глас.
Клое и Џереми станаа родители една година откако ја почнаа својата романса, а наводно голем проблем меѓу парот избил кога Џереми не стигнал на првата роденденска прослава на својот син во Монако.
Фотките кои потврдуваат дека „најзгодниот затвореник во светот“ беше оставен на ист начин како што тој ја остави сопругата:
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





