Славни парови кои спијат разделени (и тврдат дека тоа е тајната на нивниот среќен брак)

Камерон Дијаз е меѓу првите славни личности кои изјавуваа дека тајната на среќниот брак се - разделените кревети.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-01.jpg

Кога сопружниците ќе почнат да спијат во различни кревети, тоа е најчесто знак дека бракот им се распаѓа и дека разводот е неизбежен.

Но, сè поголем број славни личности тврдат дека не спијат во ист кревет со својот партнер и дека токму тоа е тајната на нивниот среќен (и долговечен) брак.

Бет Мидлер и Мартин вон Хасделберг

Актерката и уметникот се венчаа во 1984 година и во декември ќе прослават 40 години во брак. Според Бет, тие се решиле за различни спални соби бидејќи Мартин ’рчи.

„Да продолжевме да спиеме заедно, мислам дека досега ќе бевме разведени“, изјави таа.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-05_copy.jpg

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук

Гвинет и Бред се заедно една деценија, од 2014 година.

Тие не само што не спијат заедно, туку после венчавката, секој си го задржа сопствениот дом, а само повремено преспиваат еден кај друг.

Според Гвинет, ова им го предложил советник за врски, и таа тврди дека токму тоа што не ја делат спалната соба секоја вечер, прави да имаат убав брак и да ја одржуваат романсата меѓу нив.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-03.jpg

Џилиен Андерсон и Питер Морган

Актерката и нејзиниот партнер се разидоа во 2020 година, но три години подоцна, ја обновија врската.

Откако почнаа пак да се гледаат, тие веќе не живеат под ист кров.

„Да останевме да спиеме во ист кревет, тоа дефинитивно ќе нè уништеше. Вака сме среќни“, изјави неодамна Андерсон.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-04.jpg

Баз Лурман и Кетрин Мартин

Славниот режисер и неговата сопруга со години не спијат во ист кревет.

Тој уште во 2014 година изјави дека и понатаму се во брак бидејќи не ја делат брачната постела, а тоа им дава време за себе, што е здраво во секоја врска.

Парот е во брак од 1997 година, и иако живеат под ист кров, секоја сабота вечер резервираат соба во хотел и таму спијат заедно.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-06.jpg

Камерон Дијаз и Бенџи Маден

Актерката е меѓу првите кои изјавуваше дека тајната на среќниот брак се разделени кревети.

Камерон и Бенџи се во брак од 2015 година, имаат две деца, а Камерон вели дека работите меѓу неа и славниот музичар не може да бидат подобри и дека и понатаму се сакаат со истата страст.

slavni-parovi-koi-spijat-razdeleni-i-tvrdat-deka-toa-e-tajnata-na-nivniot-srekjen-brak-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава