Згодните сестри Хадид во модно усогласени комбинации на MTV VMA 2019 (фото)
- Детали
- вторник, 27 август 2019
Каде и да се појават, згодните сестри Хадид го привлекуваат вниманието, па сите погледи беа во нив и на MTV VMA 2019, каде се појавија складно, но сепак различно облечени.
Летово Џиџи и Бела Хадид се главна атракција каде и да одат – го привлекоа вниманието на одмор каде позираа провокативно, а и подоцна, кога беа ограбени на Миконос.
Сега изгледа одморот заврши, па двете се појавија на црвениот тепих на MTV VMA наградите кои се одржаа вчера во Њу Џерси.
Двете беа модно усогласени во песочно-златни аутфити, но сепак нивниот избор се разликуваше.
Бела се одлучи за поразголена комбинација со дводелен фустан и трегери, а Џиџи избра класичен аутфит со сатенски панталони, корсет и шпиц штикли.
Сестрите Хадид во модно усогласени комбинации ги свртеа сите погледи:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





