Бредли Купер ја однесе Џиџи Хадид на одмор со мајка му и ќерка му: „Врската станува сериозна, децата ги зближија“

Иако официјално уште не ја потврдиле врската, Бредли Купер и Џиџи Хадид постојано се заедно, а деновиве беа и на одмор со ќерката и мајката на актерот. Ова е првпат Џиџи да биде во друштво на детето на Бредли.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-01.jpg

Речиси една година откако стана јасно дека се заедно, врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид е навистина сериозна.

Постојно се заедно, а сега се чини дека во врската се вклучени и нивните деца.

Досега парот беше забележуван само во друштво на пријатели, но сега беа на одмор со ќерката на актерот – Леа.

Ова е првпат 29-годишната Џиџи да биде фотографирана со ќерката на дечко ѝ.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-02.jpg

Тие беа на одмор на Сардинија каде што пристигнаа со приватен авион.

Џиџи и Бредли беа во лежерно издание, а актерот имаше и минијатурна пунџа на главата.

Малата Леа, пак, изгледаше преслатко во розово фустанче со цветови.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-05.jpg

На среќниот пар му се придружи и мајката на Бредли Купер, која честопати му прави друштво на актерот не само на патувања, туку и на важни настани.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-04.jpg

Џиџи Хадид го дели старателството со бившиот Зејн Малик, па веројатно затоа со неа не беше ќеркичката Каи.

За потсетување, првите гласини за Џиџи и Бредли се појавија на почетокот од октомври 2023-та, откако беа забележани како заедно излегуваат од ресторан во Њујорк.

Неколку дена подоцна, извори блиски до парот изјавија дека биле на викенд патување и иако се гледаат, сепак официјално не биле пар.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-6.jpg

До крајот на 2023-та, беа забележани многупати, но сепак не ја потврдуваа врската. Изворите, пак, велеа дека Ирина Шајк била таа што ги запознала еден со друг.

На годинешните Златни глобуси, Бредли Купер присуствуваше со мајка му, но потоа го напушти настанот со Џиџи.

Парот суптилно ја потврди врската во Лондон, каде што шетаа фатени за рака. Оттогаш стана јасно дека се пар, иако ни Џиџи ни Бредли немаат изјавено ништо.

Во јули годинава, извори блиски до парот истакнаа дека нивната врска станува мошне сериозна.

bredli-kuper-ja-odnese-dzhidzhi-hadid-na-odmor-so-majka-mu-i-kjerka-mu-vrskata-stanuva-seriozna-decata-gi-zblizhija-03.jpg

Имено, на почетокот и двајцата не биле сигурни дека романсата ќе трае.

„И двајцата се навистина зафатени, но успеваат да најдат време еден за друг.

Не беа сигурни дали ова е нешто повеќе од кратка авантура, но врската станува мошне сериозна.

Се поддржуваат, а наоѓаат заеднички јазик бидејќи и двајцата се родители.

Успеаја да ја напраат врската приоритет, без разлика што имаат зафатени распореди“, откри извор пред околу еден месец.

Друг извор, пак, вели дека тие почнале да гледаат многу порано отколку што мисли јавноста, но успешно се криеле неколку месеци пред да бидат фотографирани заедно.

Повеќе фотки од Џиџи и Бредли на Сардинија:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ в... Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново видео, каде неверојатно личи ...

Најчитани неделава