Вилата на Комо, Tesla автомобил: Најскапите работи во сопственост на Џорџ Клуни

Без сомнение, Џорџ Клуни е еден од најуспешните актери на сите времиња. Иако актерот го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, познато е дека неговото богатство изнесува околу 500 милиони долари.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-01.jpg

Па, не е изненадувачки фактот дека Клуни навистина го живее најдобриот живот што можат да го понудат парите.

Погледнете кои се најскапите нешта што ги поседува Џорџ Клуни:

Вила во Италија: 13 милиони

Клуни има инвестирано милиони во недвижнини ширум целиот свет. На пример, тој има дадено 13 милиони за прекрасната вила во Италија.

Ова градба од 18-тиот век има 13 спални соби, 11 тоалети, огромна гаража, базен, теретана и тениско игралиште.

Семејството Обама, Кетрин Зета Џоунс, Мајкл Даглас и Бред Пит се само некои од славните гости што биле поканети од вилата. Кога семејството Обама беше на гости, никој не смеел да му се приближи на имотот повеќе од 90 метри.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-02.jpg

Автомобил Chevrolet Corvette V8 C1 Convertible

Клуни е горд сопственик на овој автомобил. Иако овој модел е вредна класика, автомобилот има и сентиментална вредност за актерот. Наводно, татко му го купил автомобилот уште во 1958-ма година.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-03.jpg

Домот во Лос Анџелес: 2,3 милиони

Изгледа дека актерот има беспрекорен вкус за домови. Во 1995-та година, актерот ја купи оваа вила во Лос Анџелес. Домот има неколку спални соби, огромен подрум за вино, кино и терен за кошарка.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-04.jpg

Мотори

Џорџ Клуни е вистински обожавател на моторите. Имаше неколку модели, а луѓето често го гледаа како ги вози низ Италија или Лос Анџелес. Сепак, ова е хоби од кое морал да се откаже – минатата година имаше сообраќајна несреќа во Италија.

Неговата сопруга, Амал Клуни, го натерала да се ослободи од колекцијата.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-05.jpg

Домот во Мексико: 50 милиони

Клуни платил 50 милиони за прекрасен дом во Мексико. На земјиштето има две посебни вили, од кои едната ѝ припаѓала на Синди Крафорд. Вилата на Клуни има 7 спални соби, 10 тоалети и камин на отворено, а базенот има прекрасен поглед на океанот.

Актерот ја продал куќата во 2015-та година, најверојатно бидејќи сакал да инвестира во друга недвижнина во Мексико.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Канибализам, силување, насилство – Мрачните обвиненија против актерот Арми Хамер Актерот Арми Хамер е обвинет за физичко и сексуално насилство, како и за канибал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg