Моника Белучи сега има кратка боб фризура и изгледа подобро од кога било
- Детали
- четврток, 26 септември 2019
Италијанската актерка има 54 години и сè уште го привлекува вниманието на сите, каде и да се појави.
Истото се случи и на модната недела во Милано пред неколку дена, за време на ревијата на Dolce & Gabbana. Моника се појави во класичен бел костим и провидна црна блуза, а целата комбинација ја комплетирала со темни очила за сонце.
Но, она што им го привлече вниманието на сите беше нејзината нова фризура.
Моника се одлучила за една од најпопуларните фризури за оваа година – краток боб, а без сомнение, не погрешила со изборот.
За ревијата на Dior, пак, актерката одбрала долг црн фустан, кој повторно го комбинирала со црни очила за сонце.
Како и секогаш, актерката изгледаше неверојатно, а овој пат можеби и 20 години помладо.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





