Морган Фримaн носи обетки за да си го плати погребот и уште 9 факти кои ѕвездите случајно ги откриле

Изгледа дека повеќето актери немаат авантуристички живот само на екран. Некои од нив биле крадци, некои биле наставници кои удриле ученик, а некои, пак, анонимно комуницирале со странци на интернет.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-01.jpg

Погледнете ги интересните факти што познатите случајно ги откриле за себе:

Морган Фримaн носи обетки за да си го плати погребот

Во едно интервју, Морган изјавил дека неговите обетки чинат доволно за да ги покријат трошоците за ковчег. Ова било во случај да умре на непознато место.

Актерот изјавил и дека морнарите носеле обетки од истата причина.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-02.jpg

Лиам Нисон бил наставник и удрил ученик

Во една телевизиска емисија, Лиам Нисон изјавил дека неколку години работел како наставник во средно училиште.

Еднаш еден 15-годишен ученик се однесувал недолично, па Лиам го замолил да го напушти часот. Но, ученикот извадил нож, по што Лиам го удрил.

Бидејќи ударот не бил проценет како самоодбрана, Лиам го загубил работното место.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-03.jpg

Дени Трехо бил зависник и ограбувал продавници на 12-годишна возраст

Актерот Дени Трехо има поминато 11 години во затвор за вооружен грабеж и продавање наркотици.

Дени почнал да користи наркотици уште на 8-годишна возраст, а дури да наполни 12, веќе бил зависник од хероин.

Додека бил во затвор, се приклучил во програма за рехабилитација и станал шампион за боксирање во установата.

Подоцна, тој бил забележан од режисерот Андреј Кончаловски, а оттогаш се има појавено во над 200 филмови.

Денес Дени има отворено и продавници за кафе и крофни и вработува луѓе кои биле на рехабилитација и сакаат одново да го започнат животот.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-04.jpg

Николас Кејџ купил украден череп од тираносаурус

Во 2007-ма година, Николас Кејџ и Леонардо Дикаприо биле на аукција и се наддавале за навистина чуден предмет – череп од тираносаурус. Николас понудил повеќе пари, но излегло дека черепот бил нелегално донесен од Монголија.

Актерот се согласил да го врати черепот на властите во Монголија.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-05.jpg

Соучениците на Двејн Џонсон мислеле дека е прикриен полицаец

16-годишниот Двејн изгледал многу постаро од неговите соученици. Тој бил висок и имал мустаќи, па неговите соученици мислеле дека е полицаец на должност, кој се преправа дека е ученик.

interesni-fakti-shto-poznatite-sluchajno-gi-otkrile-za-sebe-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Татко ѝ ја малтретирал, по разводот со првиот сопруг се обидела да се самоубие – Факти за Хали Бери Во 2000-та година беше обвинета дека предизвикала сообраќајна несреќа па побегна...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg